Трпчева Црква

Од Википедија — слободната енциклопедија

Трпчева Црква' — археолошко наоѓалиште во географската област Мариово и се наоѓа меѓу с. Дуње и с. Кален, 2 км југозападно од Дуње и 2 км југоисточно од Кален.

Била пронајдена во 1982 г. кога имало археолошко рекогносцирање во Мариово и била пронајдена сакрална градба со ѕидови од кршен камен а подоцна е пронајдена и некропола.

Истражувања[уреди | уреди извор]

Било приметено дека во оваа црква се палеле свеќи, што ги поттикнало мештаните што ја пронашле црквата да се потрудат да ја обноват. Тие во текот на 1985-1986 г. изградиле мала црквичка од камен и кал на темелите на останатата базилика, при што оштетиле 3 гробни конструкции во кои биле најдени гробни наоди, а ова биле и првите податоци за постоењето на некропола во окилната и во самата пронајдена црква.[1] За да се спречи повторно ненамерно уништување на некрополата во 1991 г. во организацијата „Заводот и Музеј“ Прилеп е почнато археолошкото истражување на некрополата и самата базилика. Тоа се извршило во текот на 6 кампањи, од 1991 до 2000 г. Најголемиот број на гробовите имаат насоченост на гробот запад-исток со помали отстапувања кај некои од гробовите, исто е забележано и групирање на гробовите според семејна припадност и сталеж.[2] Додека повеќето од гробовите биле посветени на еден поединец има и гробови кои имале повеќе од еден скелет. Според антрополошката анализа на сите скелети, одредено е дека просечната висина на мажите била 1,71 м и речиси сите имале робустна грдба а кај жените 1,62 м кои пак имале умерема градба, две третини од популацијата се возрасни додека една третина се деца од различна возраст. Истражувачите приметиле дека кај повеќето од повозрасните поединци има дегеративни промени како: артиртис, остеоспрозата спондилоз и др., а исто и дека повеќето од скелетите имале скршени коски кои биле преживеани што би укажало дека поппулацијата имале добри начини да лекуваат скршеници, еден од поретките пронајдоци било скелетот на жена и нејзиното неродено бебе.[3]

Ритуали[уреди | уреди извор]

Имало пронајдени остатоци на животински коски кои биле поврзани со ритуалните гозби за време на погребот, а со остатоците на коски внатре во гробовите се потврдило обичајот да се остави дел од храната за покојникот. Друг обичај забележан во некрополот е попатина, односно со скелетот има ќерамички садови со храна и течности за да „се олесни патот кон задгробниот живот“ што е често сретнато во пагански религии и словенски некрополи, истовремено се забележани и жртвени јами со животински коски кои се исто често сретнати во словенски некрополи како во Русија, Бугарија, Ромунија, Молдавија.[4]

Археолошки артефакти[уреди | уреди извор]

Во некрополот се пронајдени алки[5], обетки[6], белегзии[7], ѓердани[8], прстени[9], крстови[10], ќерамика[11], монети, и друго. Голем дел од пронајдоците имале различни форми и биле изградени од разни видови на материјали.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Трпчева Црква средновековна некропола, Лилјана кепеска, Прилеп 2008, стр 14
  2. Трпчева Црква средновековна некропола, Лилјана кепеска, Прилеп 2008, стр 18-19
  3. Трпчева Црква средновековна некропола, Лилјана кепеска, Прилеп 2008, стр 22-23
  4. Трпчева Црква средновековна некропола, Лилјана кепеска, Прилеп 2008, стр 24
  5. Трпчева Црква средновековна некропола, Лилјана кепеска, Прилеп 2008, стр 29
  6. Трпчева Црква средновековна некропола, Лилјана кепеска, Прилеп 2008, стр 32
  7. Трпчева Црква средновековна некропола, Лилјана кепеска, Прилеп 2008, стр 40
  8. Трпчева Црква средновековна некропола, Лилјана кепеска, Прилеп 2008, стр 38
  9. Трпчева Црква средновековна некропола, Лилјана кепеска, Прилеп 2008, стр 46
  10. Трпчева Црква средновековна некропола, Лилјана кепеска, Прилеп 2008, стр 59
  11. Трпчева Црква средновековна некропола, Лилјана кепеска, Прилеп 2008, стр 65