Прејди на содржината

Трихинелоза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трихинелоза
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Nematoda
Класа: Adenophorea
Ред: Trichocephalida
Натсемејство: Trichinelloidea
Род: Trichinella
Вид: T. spiralis
Научен назив
Trichinella spiralis
(Owen, 1835)

Трихинелозата претставува сериозно паразитарно заболување, предизвикувач е Trichinella spiralis од групата нематоди. Паразитира во човекот и во многу домашни и диви животни.

Манифестација

[уреди | уреди извор]

Клинички се манифестира со:

Настанување

[уреди | уреди извор]

Трахинелоза настанува со конзумирање на сирово или недоволно топлински обработено месо од животни (посебно свинско и преработки од свинска маст) во кои спаѓаат инкапсулирани ларви. По конзумирање на контаминирано месо, во тенкото црево ларвите се ослободуваат од капсулата и за кратко време стануваат полово зрели. Следува размножување и раѓање на живи ларви кои преку лимфните садови навлегуваат во крвта правејќи паразитемија и се разнесуваат низ организмот. Најчесто се локализирани во мускулатурата на домаќинот (скелетните мускули) каде повторно инкапсулираат. Подоцна инкапсулираните ларви угинуваат и калцифицираат. Периодот на инкубација на трихинелозата изнесува 5 до 45 дена. Сериозноста на болеста зависи од количината на конзумираното месо и од концентрацијата на паразитите во истото. Болеста започнува со:

Ларви во рамките на дијафрагмата на свиња
  • гадење;
  • повраќање;
  • дијареа;
  • едем на лицето и очните капаци;
  • можна е појава на срцеви и невролошки компликации, а кај најтешките облици доаѓа и до афекција на срцевиот мускул.

Дијагноза

[уреди | уреди извор]
Животен циклус на Trichinella spiralis

За поставување на дијагноза особено важни се податоците на недоволно топлински обработено месо од животно, дополнети со лабораториски испитувања. Во крвната слика доминира леукоцитоза со еозинофилија (може да достигне до 80%)како и зголемени вредности на креатин, на трансаминазите. Фекален промерок има смисла да се истражува само во првите 48 часа по конзумирањето на сомнителната храна. Висока дијагностичка вредност има биопсија на мускулното ткиво.

Терапија

[уреди | уреди извор]

Во терапијата на заболувањето најчесто се користи мебендазол. Други медикаменти кои се препорачуваат се албендазол, тибендазол, нотезин и комбантрин. За превентивни цели неопхподен е засилен ветеринарен надзор за присуство на трихинели во месото и сувомеснатите производи како и избегнување на користење недоволно топлински обработено месо од животни.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Портал од областа на медицината Архивирано на 17 април 2014 г.