Треска (состојба)
Изглед
Треска (состојба) | |
---|---|
Аналоген медицински топломер кој покажува температура од 38.8 °C |
Треската или ендогена хипертермија е состојба која настанува поради нарушување во центарот за терморегулација во хипоталамусот кој започнува да функционира на повисоко ниво под дејство на пирогени.
Диференцијална дијагноза
[уреди | уреди извор]Треската е чест симптом на многу состојби:
- инфективна болест
- разни кожни воспаленија
- имунолошки болести
- канцери
- метаболички нарушувања
Пирогени
[уреди | уреди извор]Пироген е супстанца која индуцира треска. Тие можат да бидат внатрешни (ендогени) или надворешни (егзогени) за организмот. Бактериската супстанца липополисахарид (LPS), присутна во клеточниот ѕид на грам-негативните бактерии,[1] е пример за егзоген пироген. Пирогеноста може да варира: во екстремни случаи, некои бактериски пирогени познати како суперантигени може да предизвикаат брзопрогредирачка и опасна треска.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Silhavy TJ, Kahne D, Walker S (2010). „The bacterial cell envelope“. Cold Spring Harbor perspectives in biology. 2 (5): a000414. doi:10.1101/cshperspect.a000414. PMC 2857177. PMID 20452953.