Прејди на содржината

Требињска Шума

Од Википедија — слободната енциклопедија
Попово Поле

Требињска Шума е каменит простор кој се простира од Требиње до Пољице Попово. Површината на просторот изнесува 115 км2, должината 23 км и широчината 4–8 км. Делот кој се простира од Дражин Дол до Хума се нарекува Шума, а низводно до Пољице Попово - Гора. Требињската Шума е карстна површина, со голем број на затворени депресии и провалии. Во поранешните години Требињската Шума важела за простор на големо богатство. Од 2008 година, Требињската Шума станува потенцијален предлог на Просторниот план на РС за заштитено подрачје поради своето богатство од животински и растителен свет и зачувана архитектура на куќите, но поради одредени проблеми тоа сè уште не е успешно изведено.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Енциклопедија Југославије (1965), књига 6, ЈЛЗ, Загреб; стр. 564