Трајко Муфтински

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трајко Муфтински
Роден(а)1892
Куманово, Османлиско Царство (денес Македонија)
Починал(а)1963
Белград, СФРЈ

Трајко Муфтински (1892 – 1963) е првиот академски сликар и зограф од Куманово. Основно и средно образование завршил во родниот град, а се образувал во Белград, Прага и Загреб. Во 1927 година завршил Виша школа за уметност и уметнички занаети на Ликовната академија во Загреб, имал студиски престои во Прага и Париз.

Живописувал фрески и иконостаси низ повеќе цркви и манастири низ Македонија и во соседна Србија. Како профан сликар сликал теми од секојдневниот живот - пејзажи со градски, селски и приморски мотиви, мртви природи, портрети. Организирал само една самостојна изложба во 1960 година во Куманово.