Тијана Милојевиќ
Тијана Милојевиќ (родена на 10 септември 1998 година) е одбојкарка од Србија. Таа настапува за екипата на ОК Црвена ѕвезда. Таа била член на одбојкарската репрезентација на Србија до 18 години во 2015 година, која го освоила сребрениот медал на Европското првенство во одбојка за млади и на Европскиот младински олимписки фестивал.
Кариера
[уреди | уреди извор]Тијана израснала во одбојкарскиот клуб на Црвена ѕвезда каде ги поминала сите помлади годишни категории. По пет години студирање во САД и играње за Универзитетот во Сиетл, Тијана се вратила во својот матичен клуб на Црвена ѕвезда.[1]
Настапи за репрезентацијаа
[уреди | уреди извор]Млади играчи до 18 години
[уреди | уреди извор]Во 2015 година, Милојевиќ ја претставувала српската одбојкарска репрезентација до 18 години. Настапувала на младинското Европско првенство во одбојка за девојки 2015 година, кое се одржало од 28 март до 5 април истата таа 2015 година. Тимот стигнал до финалето победувајќи ги одбојкарките на Италија и Германија, но во финалето загубил од репрезентацијата на Русија во пет сета. И покрај загубеното финале, Тијана била наградена за најдобро либеро на натпреварот. Три месеци подоцна, репрезентацијата на Србија до 18 години повторно настапувала во финалето на Европскиот младински летен олимписки фестивал 2015 година. Српската репрезентација повторно загубила во финалниот натпревар кој се одиграл на 1 август. Нивниот противник, репрезентацијта на Турција на тој натпревар повела со 2:0. Екипата на Тијана Милојевиќ ги добила наредните два сета, но на крајот го загубиле натпреварот во последниот сет со резултат од 8:15.[2]
По младинското европско првенство во одбојка за девојки, Милојевиќ учествувала со тимот и на Светското првенство во одбојка до 18 години на ФИВБ за девојки во 2015 година од 7 до 16 август 2015 година. За жал, на тоа првенство репрезентацијата на Србија загубила во четвртфиналето од селекцијта на Италија. Го освоиле 5-то место во генералниот пласман, а тимот на Италија подоцна биле нови шампионки.[3]
Јуниори за возраст до 19 години - У19
[уреди | уреди извор]Во 2016 година, Милојевиќ била избрана во репрезентацијата на Србија до 19 години за Европското првенство во одбојка за жени до 19 години во 2016 година. Србија на крајот го освоила сребрениот медал откако во финалето загубила од Русија со 0:3.[4]
Награди
[уреди | уреди извор]Индивидуални награди
[уреди | уреди извор]- Младинско Европско првенство во одбојка за девојки 2015 -Најдобро либеро
- Балканско првенство во одбојка за јуниорки 2016 година -Најдобро либеро
Репрезентативни награди
[уреди | уреди извор]Млади играчи до 18 години - У18
[уреди | уреди извор]- Златен медал на Балканското првенство во одбојка за млади девојки 2015 година[5]
- Сребрен медал на Младинското Европско првенство во одбојка за девојки 2015 година
- Сребрен медал на Европскиот младински летен олимписки фестивал 2015 година
Млади играчи до 19 години - У19
[уреди | уреди извор]- Сребрен медал на Јуниорското женско Балканско првенство во одбојка 2016[6]
- Сребрен медал на Европското првенство во одбојка за жени до 19 години 2016 година
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Добро дошла кући: Повратак Тијане Милојевић у Црвену звезду!“. 18 June 2021.
- ↑ „19:06 Girls' 1 - 2 (Final) Match 20 Match Results SRB - TUR“ (PDF). Tbilisi2015. 1 August 2015. Посетено на 20 September 2015.[мртва врска]
- ↑ „Serbia Takes Fifth Place“. Tbilisi2015. 16 August 2015. Посетено на 20 September 2015.
- ↑ „Russia crown a fabulous #EuroVolleyU19W with gold, Serbia and Turkey complete podium“. cev.lu. 4 September 2016. Архивирано од изворникот на 2016-09-12. Посетено на 9 September 2016.
- ↑ „Serbia is the champion of the 2015 Youth Girls Balkan Volleyball Championship“. 5 July 2015. Посетено на 21 September 2015.[мртва врска]
- ↑ „Completed Balkan Championship - Fifth Place for Juniors Bosnia and Herzegovina“. 6 August 2016. Посетено на 18 February 2016.