Термодинамички потенцијали

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во термодинамиката, термодинамичките потенцијали се параметри вклучени во еден термодинамички систем и кои имаат димензии на енергија. Се нарекуваат потенцијали бидејќи ја опишуваат количината на потенцијална енергија во еден термодинамички систем кога е изложен на некои промени. Различните потенцијали кореспондираат со различните промени на кои може да е изложен системот. Четирите најважни термодинамички потенцијали се:

Име Формула Природни променливи
Внатрешна енергија
Хелмхолцова слободна енергија
Енталпија
Гибсова слободна енергија

каде T = температура, S = ентропија, P = притисок, V = волумен. Хелмхолцовата слободна енергија се обележува некогаш и со симболот F, но користењето на A е препорачано од ИУЧПХ (IUPAC). е бројот на честички од тип i во системот. Поради комплетност, групата од сите се вклучува во природните променливи, иако тие се игнорираат понекогаш.