Терирем (албум на Сузана Спасовска)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Терирем е албум на македонската фолк пејачка Сузана Спасовска. Албумот е издаден на 14 октомври 2023, преку нејзината Јутјуб платформа на Интернет.

Позадина[уреди | уреди извор]

На албумот, Спасовска е пропратена од страна на црковниот клирос "Пелагонитса", исократи се протопсалт м-р Георгиј Секулоски, Бранче Трајкоски и Александар Трајкоски. Секулоски ѝ служел како консултант во жанрот на источно-црковно пеење. За литература, Спасовска се служела со Псалтикиина и света литургија, првата од Манасиј Поп Тодоров, а втората од Георгиј Секулоски. Партитурите биле во редакција на м-р Георгиј Секуловски.

Албумот е снимен во Скопје, во City Sound Studio. За продуценти служеле Љупчо Соколовски и Георгиј Секуловски. Сузана Спасовска, самата служела како извршен продуцент. Фотографијата на албумот е сликана од страна на Маја Динеска, а концептот и дизајнот се завршени од страна на Дејан Величковиќ и Душко Трифуновски. DVisualArt ја понудиле својата визуелна поддршка на проектот. Терирем е снимен со благослов на архиепископот оридски и македонски г.г. Стефан.[1]

Насловот на албумот е земен од песна која Богородица му ја пеела на Исус Христос кога бил мал.

Композиција[уреди | уреди извор]

Во себе содржи православни црковни химни и песнопеења кои припаѓаат на жанрот на таканареченото источно-црковно пеење.[1]

Промоција[уреди | уреди извор]

Како дел од проектот, Спасовска снимила музички видеа за 12 песни во цркви ширум цела Северна Македонија. Видеата главно се состојат од снимки од пејачката како ја изведува песната пропратена од страна на свештено лице, а камерата исто така ја прикажува и внатрешноста на црквата, вклучувајќи снимки од сите икони.

На 14 април, излегува нејзиното видео за песната „Света Дево Владичице“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Таушанска, Марија (6 јануари 2024). „Посакувам приспивната песна на Мајката Божја „Терирем" да го облагороди и смири светот“. Нова Македонија. Посетено на 16 април 2024.
  2. Сузана Спасовска и црковен клирос Пелагонитса - Света Дево Владичице [Official Video 2024]. Сузана Спасовска. 14 април 2024. https://m.youtube.com/watch?si=zUcuzmjxM8U6hnKe&v=sCI2i3TofT4&. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • [Линк од албумот] на официјалниот канал на Јутјуб на Сузана Спасовска