Тајпеј куќа на приказната
台北故事館 / 圓山別莊 | |
Основан | 1913-1914 |
---|---|
Место | Жонгшан, Тајпеј, Тајван |
Координати | 25°04′24″N 121°31′28″E / 25.07333° СГШ; 121.52444° ИГД |
Тип | Музеј |
Јавен превоз | станицата Јуаншан |
Мреж. место | www.storyhouse.com.tw |
Куќата на приказната во Тајпеј (кинески: 台北故事館), порано познат како замокот Јуаншан (кинески:圓山別莊), е историска куќа во округот Жонгшан, Тајпеј, Тајван. Моментално е отворено како музеј во Експо паркот Тајпеј.
Преглед
[уреди | уреди извор]Куќата била изградена во 1913-1914 година за време на јапонското владеење од Тан Тиау-Чун (кинески:陳朝駿), трговец со чај од областа Даитотеи.[1][2] Првично била гостинска куќа за локални достоинственици и гости од странство.[3]
Приземјето е изградено од тула, а горните катови од дрво со греди во англиски стил на Тудор.[1] Скалите биле конструирани да изгледаат како пагода. На фронтонот над влезот има витраж во зелена, жолта и црвена боја. Внатре има два камини, со голем број на арт нову плочки и тавански светилки со барелефни цветни дезени.[3]
Музејот сега има експонати поврзани со чајот и локалната историја. Се наоѓа во непосредна близина на музејот за ликовни уметности во Тајпеј и блиску до метро станицата Јуаншан.[4]
Транспорт
[уреди | уреди извор]Зградата е во непосредна близина пеш на северо-источно страна од станицата Јуаншан на метрото во Тајпеј.[5]
Цени
[уреди | уреди извор]Цената за посета на музејот е 50НТ$ (нови тајвански долари) по особа. Влезот е бесплатен за лица под 6 или над 65 години.[5]
Работно време
[уреди | уреди извор]Музејот е отворен од 10:30 до 18:30 часот, од вторник до сабота.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Список на туристички атракции во Тајван
- Замокот на улицата Тајпеј Футаи
- Бирото за монопол
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Taipei Story House,Discover Taiwan.
- ↑ Taipei Story House, Taipei Travel.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Taipei Story House (formerly Yuanshan Villa)“. Taipei City Department of Cultural Affairs. Посетено на June 11, 2022.
- ↑ „台北故事館“ [Taipei Story House]. TripAdvisor (кинески). January 8, 2019. Посетено на June 11, 2022.
- ↑ 5,0 5,1 „Taipei Story House“. TravelKing. Посетено на June 11, 2022.