Прејди на содржината

Тајни и лаги (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Тајни и лаги“ (англиски: Secrets and Lies) - британско-француски филм од 1996 година, во режија на Мајк Ли (Mike Leigh), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Тимоти Спол (Timothy Spall), Бренда Блетин (Brenda Blethyn) и Маријан Жан-Батист (Marianne Jean-Baptiste). Филмот постигнал голем успех кај критиката и публиката и имал пет номинации за наградата „Оскар“. Во него, Ли успешно ги помирил тешкото психолошко портретирање на ликовите и нивните меѓусебни односи со мотивот на семејните сплетки, кои се слични на оние од телевизиските „сапуници“. Но, најголем восхит предизвикува извонредната автентичност на режисерскиет решенија и прецизната изведба на глумците, особено онаа на Бренда Блетин.

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Една млада црнка дознава дека била посвоена како бебе. Затоа, таа решава да ја побара својата биолошка мајка. Таа е една необична домаќинка која живее во Лондон, припадничка на пониската класа и жена со премногу проблеми...[1]

Бренда Блетин доби позитивни критики и BAFTA награда за најдобра актерка во главна улога за нејзината изведба.