Тајмиште (рудник)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рудникот за железна руда Тајмиште

Тајмиште е рудник на железна руда, кој се наоѓа на источните падини на планината Бистра. Тој е карактеристичен претставник на вулканогено-седиментни наоѓалишта на железо. Локализиран е во вулканогено-седиментна средина изградена од различни видови карпи, при што рудната минерализација е ограничена на продуктивниот хоризонт со дебелина од повеќе десетици метри. Моќноста на рудните слоеви е од неколку сантиметри до повеќе од 20 m. Во поглед на минералниот состав во наоѓалиштата се забележува присуство на силикати на железото и сидерит. Примарниот минерален состав на оруднувањето под влијание на подоцнешните метаморфни процеси и тектонски раздробувања претрпел интензивни промени, па така дешифрирањето на примарниот вид на појавување честопати е отежнато. Содржината на железото во рудата се движи во дијапазон од 32 до 37% зелезо.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Д. Смилков, Металогенија рудне зоне Тајмиште, Западна Македонија, РГФ, Белград, 1994.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]