Сидерит
Сидерит е минерал составен од железо (II) карбонат (FeCO3). Името доаѓа од грчкиот збор сидерос (σίδηρος) што значи „железо“. Тој е ценет минерал на железото, затоа што содржи 48% железо и нема сулфур ни фосфор. Сидерит има Мохсова цврстина од 3,75-4,25, специфична тежа од 3,96, сјај на стаклестото тело или бисерен сјај. Сидеритот е антиферомагнетен под својата Кириева температура од 37 К.[1]
Сидерит најчесто се наоѓа во хидротермалните вени и е сврзан со барит, флуорит, галена и други. Тој е исто така чест дијагенетски минерал во шкрилците и песочниците, каде што понекогаш формира конкременти, кои можат да обложат тридимензионално зачувани фосили.[2] Во седиментните карпи, сидеритот најчесто се формира на плитки длабочини и неговиот основен состав честопати е сврзан со другите седименти.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Frederichs, T.; von Dobeneck, T.; Bleil, U.; Dekkers, M.J. (January 2003). „Towards the identification of siderite, rhodochrosite, and vivianite in sediments by their low-temperature magnetic properties“. Physics and Chemistry of the Earth, Parts A/B/C. 28 (16–19): 669–679. Bibcode:2003PCE....28..669F. doi:10.1016/S1474-7065(03)00121-9.
- ↑ Russell Garwood, Jason A. Dunlop & Mark D. Sutton (2009). „High-fidelity X-ray micro-tomography reconstruction of siderite-hosted Carboniferous arachnids“. Biology Letters. 5 (6): 841–844. doi:10.1098/rsbl.2009.0464. PMC 2828000. PMID 19656861.
- ↑ Mozley, P.S., 1989, Relation between depositional environment and the elemental composition of early diagenetic siderite: Geology, v. 17, p. 704- 706
Грешка во наводот: Ознаката <ref>
со име „Jones, 17“ определена во <references>
не се користи во претходен текст..
<ref>
со име „SG, 302“ определена во <references>
не се користи во претходен текст..