Прејди на содржината

Тарот: Карта на смртта

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Тарот: Карта на смртта“
Македонскиот плакат
Режисер
Сценарист
  • Спенсер Коен
  • Ана Халберг
Главни улоги
МузикаЏозеф Бишара
КинематографијаЕли Смолкин
МонтажаТом Елкинс
Студио
ДистрибутерSony Pictures Releasing
Премиера3 мај 2024 г. (САД)
9 мај 2024 г. (Македонија)
Времетраење92 минути[1]
Земја САД
Јазик
Буџет8 милиони долари
Бруто заработка20,2 милиони долари[2][3]

Тарот: Карта на смртта (англиски: Tarot) — американски натприроден филм на ужасите од 2024 г., напишан и режиран од Спенсер Коен и Ана Халберг (во нивното режисерско деби на долгометражен филм) и соавторство со Николас Адамс. Се заснова на романот „Horrorscope“ на Николас Адамс од 1992 г. Во филмот играат Хариет Слејтер, Адајн Бредли, Авантика, Волфганг Новограц, Умберли Гонсалес, Ларсен Томпсон, Олвен Фуере и Џејкоб Баталон. Откако група студенти користат чуден шпил на тарот, почнуваат ужасно да умираат еден по еден и мораат да ја откријат тајната на шпилот пред да истече времето.

Филмот бил објавен во САД од Sony Pictures Releasing на 3 мај 2024 г. Добил одречни одзиви од критичарите и заработил 20 милиони долари ширум светот. Во Македонија премиерата била на 9 мај истата година.[4][5]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Кога група пријатели безрасудно го прекршуваат светото правило на читање на тарот, тие несвесно ослободуваат неискажливо зло заробено во проколнатите карти. Еден по еден се соочуваат со судбината и завршуваат во трка со смртта.

Глумец Улога
Хариет Слејтер Хејли
Џејкоб Баталон Пакстон
Адајн Бредли Грант
Авантика Пејџ
Волфганг Новограц Лукас
Умберли Гонсалес Маделајн
Ларсен Томпсон Елис
Олвен Фуере Алма Астрин
  1. Tarot (15)“. BBFC. April 3, 2024. Посетено на 2024-04-03.
  2. Предлошка:Cite Box Office Mojo
  3. „Tarot – Financial Information“. The Numbers. Посетено на May 12, 2024.
  4. „Тарот: Карта на смртта“. www.cineplexx.mk. Посетено на 2024-05-13.
  5. „Tarot | Rotten Tomatoes“. www.rottentomatoes.com (англиски). Посетено на 2024-05-13.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]