Прејди на содржината

Танго сплетка (филм од 1914)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Танго сплетка (англиски: Tango Tangle)- американски филм од 1914 година, во режија на Мак Сенет (Mack Sennett), кој е автор и на сценариото. Во главните улоги играат Чарли Чаплин, Роско Арбакл (Roscoe Arbuckle), Форд Стерлинг (Ford Sterling) и Честер Конклин (Chester Conklin).[1] Филмот е познат и по насловот „Чарлиевата занимација“ (Charlie's Recreation).

Содржина

[уреди | уреди извор]

Во оваа кратка комедија, Чарли Чаплин (кој се појавува без своите препознатливи мали мустаќи) е млад, убаво облечен човек кој, малку поднапиен, упаѓа на еден бал. Трубачот (го игра Стерлинг) и кларинетистот (го игра Арбакл) од оркестарот се вљубени во девојката од гардеробата и меѓусебе се тепаат за неа. Сепак, додека свири оркестарот, пијаното конте (го игра Чаплин) почнува да игра со девојката. Љубоморниот трубач се преправа дека му е лошо и го испраќа кларинетистот да му донесе вода, а потоа, искористувајќи го неговото отсуство, оди на подиумот и се тепа со својот соперник. Меѓутоа, тогаш доаѓа кларинетистот, па уплашениот трубач му ја остава девојката, а тој и контето продолжуваат да се тепаат кај гардеробата, сè додека двајцата не паднат изнемоштени на подот.[2]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Charlie's Recreation (1914) - Charlie Chaplin - YouTube