Прејди на содржината

Талан

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Талант)

Талан[1] или талант[1] (латински talentum, од старогрчки τάλαντον, talanton „скала, рамнотежа“) — историска мерка за маса кај древните народи. Износот варира од народ до народ помеѓу 26 и 34 килограми. Таланот исто така бил мерка за вредност еднаква на истата маса на благородни метали.

Таланот бил маса вода приближно потребна за да се наполни амфора.[2]

Грчкиот или атичкиот талан изнесувал 26  кг,[3] римскиот талан бил 32,3 кг, египетскиот талан бил 27 кг,[3] а вавилонскиот талан бил 30,3 килограми.[4] Стариот Израел и некои други земји од Блискиот Исток го прифатиле вавилонскиот талан и подоцна ја промениле количината на маса што ја содржела таа единица.[5] Новоаветниот тежок обичен талан изнесувал 58,9 килограми.[5] Вториот хебрејски талан имал маса од 34,272 кг, а од него биле изведени мина (0,571 kg), шекел (11,424 g) и полушекел.

Вавилонците, Сумерите и Евреите ги делеле талантите на 60 мини, а секоја мина била поделена на 60 шекели.[3]

  1. 1,0 1,1 „талан“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Talent (Biblical Hebrew), unit of measure, unitconversion.org.
  3. 3,0 3,1 3,2 John William Humphrey, John Peter Oleson, Andrew Neil Sherwood, Greek and Roman technology, str.487.
  4. Herodotus, Robin Waterfield and Carolyn Dewald, The histories (1998.), str. 593.
  5. 5,0 5,1 "III. Measures of Weight:", JewishEncyclopedia.com