Сузан Албертс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Сузан Ц. Албертс (англиски: Susan C. Alberts) — американски приматолог, антрополог и биолог и актуелен претседател на Одделот за антропологија при Универзитетот Дјук[1]; претходно работи како Роберт Ф. Дурден професор по биологија и е Бас стипендист.[2] Моментално заедно со Жан Алтман од Универзитетот Принстон го води Проектот за истражување на бабуните во Амбосели.[2] Нејзиното истражување во голема мера ја проучува еволуцијата на животинското однесување кај цицачите, со особен фокус на социјалното однесување, демографијата и гените на жолтите бабуни, иако некои од нејзините истражувања ги вклучуваат и африканските слонови.[2] Избрана е за член на Националната академија за науки во 2014 и ја освојува наградата Козарели во 2017.[1]

Образование[уреди | уреди извор]

Албертс дипломира по биологија при Колеџот Рид во 1983, а станува магистер по биологија во 1987 година на Универзитетот Калифорнија, Лос Анџелес.[1][3] Се здобива со докторат по екологија и еволуција на Универзитетот Чикаго во 1992 за работата со нејзиниот ментор, Жан Алтман.[1][3] Нејзината дисертација ги истражува созревањето и движењето на бабуните мажјаци.[4]

Истражување[уреди | уреди извор]

Истражувањата на Албертс се задржуваат на заемодејството помеѓу средината, генетиката и поведението.[2] Објавува над 100 рецензирани статии во областите како антропологија, генетика, ендокринологија, биологија и приматологија.[5] Истражувањата на почетокот од нејзината кариера во голема мера се фокусирани на однесувањето на бабуните мажјаци преку нивното движење, чување на партнерите за парење, социјалниот ранг во групата[5], додека подоцна во нејзината истражувачка кариера, таа го проширува своето поле на истражување, па така тоа вклучува животна историја, епигенетика, ендокринологија и системи за парење кај двата пола.[5] Забележително е што нејзините трудови пронаоѓаат врска помеѓу долговечноста и социјалните врски во групата, така што бабуните кои живеат во кохезивни групи имаат корист од опстанокот во средината.[6]

Албертс исто така е уредник на бројни резензирани списанија во различни области, вклучувајќи ги Бихевиорална екологија (списание), Американско списание за приматологија и ПеерЈ.[1] Покрај тоа, Сузан е во жирито на многу списанија и организации за финансирање, вклучувајќи ги Друштвото за проучување на еволуцијата, Американската академија на науките и уметностите, ПНАС и Националната научна фондација.[1]

Награди[1][уреди | уреди извор]

  • Награда Козарели. Национална академија на науки, САД. 2016.
  • Динова награда за извонредност во менторирање. Дјук Универзитет. 2012.
  • Томас Лангфорд, Дјук Универзитет. Дјук Универзитет. 2010.
  • Признание за предавање и награда за служба. Оддел за биологија, Дјук Универзитет. Декември, 2009.
  • Програма за ран кариерен развој. Национална научна фондација. 2001.

Избрани стипендии[1][уреди | уреди извор]

Библиографија[уреди | уреди извор]

Забелешка од преведувачот: Овие дела се на англиски.

  • Alberts, Susan C.; Altmann, Jeanne (1995). „Balancing costs and opportunities: dispersal in male baboons“. American Naturalist. 145 (2): 279–306. doi:10.1086/285740.
  • Altmann, Jeanne; Alberts, Susan C.; Haines, Susan A.; Dubach, Jean; Muruthi, Philip; Coote, Trevor; Geffern, Eli; и др. (1996). „Behaviour predicts genes structure in a wild primate group“. Proceedings of the National Academy of Sciences. 93 (12): 5797–5801. doi:10.1073/pnas.93.12.5797. PMC 39141.
  • Silk, Joan B.; Alberts, Susan C. (2003). „Social bonds of female baboons enhance infant survival“. Science. 302 (5648): 1231–1234. doi:10.1126/science.1088580. PMID 14615543.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 „Susan Alberts - CV“ (PDF). sites.duke.edu (англиски). Посетено на 2018-10-16.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 ENR // AgencyND // University of Notre Dame. „Amboseli Baboon Research Project“. nd.edu. Посетено на 30 January 2015.
  3. 3,0 3,1 „Susan C. Alberts | Biology“. Duke University Biology Department. Посетено на October 16, 2018.
  4. „Holdings: Maturation and Dispersal of Male Baboons (Papio cynocephalus)“. UChicago Library. Посетено на October 16, 2018.
  5. 5,0 5,1 5,2 Biology, Susan AlbertsDuke University | DU · Departments of; PhD, Evolutionary Anthropology 42 52 ·; Chicago, University of. „Susan Alberts | PhD, University of Chicago | Duke University, North Carolina | DU | Departments of Biology and Evolutionary Anthropology“. ResearchGate (англиски). Посетено на 2018-10-16.
  6. „Social influences on survival and reproduction: Insights from a long-term study of wild baboons. | Scholars@Duke“. scholars.duke.edu (англиски). Посетено на 2018-10-17.