Сузана Тодоровска - Павлоска
Сузана Тодоровска - Павлоска | ||
Родена | 30 март 1965 Скопје, СР Македонија | |
---|---|---|
Починала | 7 јули 2015 Скопје, Македонија | |
Занимање | новинар |
Сузана Тодоровска - Павлоска (Скопје, 30 март 1965 - 7 јули 2015, Скопје) — македонска новинарка.
Животопис
[уреди | уреди извор]Тодоровска Павловска е родена на 30 март 1965 година во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот факултет, Институт за психологија, а од 1991 година редовно била вработена во вториот програмски сервис на Македонското Радио. Во 1998 година доаѓа на местото уредник во редакција. Десет години подоцна е назначена за главен и одговорен уредник за вториот програмски сервис – Радио 2, функција која успешно ја извршуваше во следните три години. Во центарот на нејзиниот богат новинарски опус беа културните настани, а главен интерес и беа филмската уметност и подвижните слики на кои им го посвети најголемиот дел од својата кариера. Била соработник и на Deutsche Welle.[1] Нејзин сопруг бил Зоран Павлоски, контрабасист. Починала во Скопје на 7 јули 2015 година во сообраќајна несреќа.[2]