Стреа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стреа на стара куќа во с. Богомила
Декорирана стреа кај крушевска традиционална куќа

Стреа — раб на покривот кој виси над фасадниот ѕид, надвор од рамките на објектот. Има за цел да ја заштити фасадата од дожд. Може да биде и декорирана, како дел од архитектонски стил; како што се кинеските држачи на стреата наречени „дуогонг“.

Функција[уреди | уреди извор]

Примарна функција на стреата е да ја задржи дождовната вода надвор од ѕидовите и да спречи влез на водата на спојот меѓу кровот и ѕидот. Стреата исто така може да ја заштити патеката околу објектот од дожд, спречува ерозија на темелите, и делумно го заштитува фасадниот ѕид од прскање на дождовна вода.

Секундарна функција е да се контролира влезот на сончева светлина во објектот како форма на дизајн на пасивна куќа; стреата може да биде дизајнирана соодветно за искористување на сончевата топлина, да се прилагоди на локалните климатски услови и ориентацијата на објектот.[1]

Во стреата може да се сместат и отвори за вентилација на покривот простор.[2]

Дизајн[уреди | уреди извор]

Естетските, традиционални или чисто декоративните размислувања можат да надвладеат над строго функционални барања на стреата. Пример за тоа е стреата од крушевската традиционална куќа, прикажана на сликата од десната страна.

Стреата може да се заврши со чело, даска по должината на стреата за да се обезбеди основа на која ќе се потпре олукот. Кај калканот, стреата може да се прошири надвор од работ на ѕидот и да се заштити со опшивка.

Наводи[уреди | уреди извор]