Стојан Силјановски
Стојан-Богоја Силјановски — сопственик на мал дуќан за цигари во Битола, праведник меѓу народите од Битола. Јад Вашем го признал Стојан за праведник на 28 ноември 1989 година под број 4433.1[1]
Спасување од холокаустот
[уреди | уреди извор]Дуќанот на Силјановски се наоѓал спроти Бугарската полициска станица. Полицајците постојано влегувале и излегувале од неговиот дуќан, што не го спречило на 10 март 1943 година, во истиот тој дуќан да ги скрие Роза Камхи-Руса, Естреја Овадија-Мара, Жамила Колономос-Цвета, Естреја Леви-Лена и Адела Фараџи-Ката, пет еврејски девојки. Следниот ден во неговиот дуќан се појавиле уште три девојки Еврејки кои го прашале дали има цигари „Картер“, тајната лозинка. И нив ги скрил во просторот каде немало санитарни услови, па Силјановски покрај храна и вода, морал незабележано да го празни санитарниот отпад. Така тој пред носот на полицијата криел осум девојки.
По три недели криење, Силјановски една по една ги извел вон градот и тие им се придружиле на македонските партизани. [2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Righteous Among the Nations Honored by Yad Vashem by 1 January 2020 - MACEDONIA“ (PDF). YAD VASHEM. Посетено на 13 декември 2021.
- ↑ „Stojan-Bogoja Siljanovski Macedonia“. YAD VASHEM. Посетено на 13 декември 2021. line feed character во
|title=
во положба 26 (help)