Стојан Величковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стојан Димитров Величковски ( 1909 во Скопје13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Израснат е во сиромашно семејство. По завршување на основното училиште работел како келнер. Во периодот на фашистичката окупација на Македонија постојано се истакнувал како симпатизер на народно-ослободителната војна. Во 1944 година бил вклучен во организирана работа за целите на НОВ. Активно учествувал во собирање на материјална помош како и во одржување на врски за испраќање на истата до партизанските единици. И припаѓал на една од ударните групи кои на непријателот не му давале мир во градот. Кога народната власт во Скопје организирала народна милиција, станал нејзин член меѓу првите. На 12 ноември 1944 година на партизаните им ги покажувал непријателските позиции и утврдувања. Утредента активно учествувал во уличните борби за ослободувањето на Скопје, во кои храбро загинал. Бил закопан на скопските гpoбиштa.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 180. На |first= му недостасува |last= (help)