Стереотипови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стереотипови
ПотеклоВелес, Република Македонија
ЖанровиПанк рок
Период на активност1995-денес
ИздавачиИспосран Газ Рекордс, Рикордд Рикордингз
Мреж. местоhttp://www.facebook.com/pages/Стереотипови/44636546287
Членови
Игор Крстев, Димче Панов, Данчо Босилков, Роберт Трајков

Стереотипови[1] се македонска рок група од Велес, формирана во 1995 година со 2 членови - Игор Крстев - Членот и Димче Панов - Пинтал. Групата има 2 албуми.

Историја[уреди | уреди извор]

1995 година[уреди | уреди извор]

Групата Стереотипови е формирана во 1995 година, под името Херои. Најпрвин групата ќе биде дуо-проект, Димче Панов-Пинтал на тапани (екс Тһе Floods) и Игор Крстев-Членот на гитара и како вокал. Бендот е осмислен најпрво како придружна форма на поетските перформанси на Игор Крстев, но како што влегуваат нови членови во проектот, така и тој полека се трансформира. При овие трансформации биле користени и други имиња, како Тројцата Мускетари На СКОЈ или Идеен Проект, по што во 1999 година, на крајот од промените, во јавноста ќе се појави бендот со името Стереотипови. Освен Пинтал и Членот како постојани членови на бендот, во периодот на трансформации еден по еден во него влегувале и излегувале Данчо Босилков (екс Paralizer), кој ќе започне на бас, а потоа ќе премине на гитара, Борче Стојанов (екс Празно Множество) на бас, Роберт Трајков (екс Ла Манш) на бас и како инженер на звукот и повремениот член Пере Гуцов на клавијатури.

Од самиот почеток, белградскиот нов бран од почетокот на осумдесеттите години од минатиот век, но и панк- и хард-кор музиката ќе извршат огромното влијанието врз насочувањето на звукот на бендот. Саркастичните и духовити текстови на Членот се потребниот автентичен печат што ќе му биде даден на бендот.

1996 година[уреди | уреди извор]

Првиот настап, уште како дуото Херои, ќе се случи во Офицерскиот дом во Велес, на самите почетоци, некаде во 1996 година. Потоа ќе следуваат неколку појавувања по фестивали од натпреварувачки карактер: финалето на „Поп-рок Фест 98” одржано на 6 февруари на кое бендот учествува под името Идеен Проект. „Рок Фест ‘00” каде што се појавува како Стереотипови и свирката на ревијалниот „IV Рудар Рок Фест 2000” во Пробиштип, повторно под името Стереотипови.

1999 година[уреди | уреди извор]

Првиот албум, со 19 панк-вејв теми, групата ќе го сними во дневната соба на Пинтал, студиото „Хард Кореа”, а ќе биде издаден односно промовиран како самоиздадена касета, во август 1999 година, насловен како Секс Со Замислен Противник. Продуцент и снимател на ова издание ќе биде Иле Апостоловски (екс Струјно Коло). Тиражите на ова, а и на наредните изданија на бендот се минимални. Впрочем, начинот на кој ги издава и ги продава касетите односно цедеата е вистинска DIY-активност. Се снима по нарачка и по потреба, во домашни услови.

Настапи[уреди | уреди извор]

Продолжувајќи низ годините онака како што ќе започне, несериозно до денешн ден, групата концертно ќе се појавува најмногу еднаш годишно, а некогаш и поретко. Некои од тие ретки но возбудливи настани запаметени од фановите се тој на 18.8.2007 во Младинскиот парк во Велес, настапот на 24.3.2010 во клубот „Castro” во Скопје, како и тој на 15.4.2012 на „Veles Eastеr Festival”. На сличен начин ќе биде и со снимањето кое во духот на DIY-традицијата ќе биде правено во домашни импровизирани студија, без притоа нешто да се доснимува или да се дотерува технички.

Аудио-стејџ-панк перформансот е сепак она што ќе го бараат фановите на Стереотипови. Концертот што ќе го одржат во нивниот Велес, на 14.6.2002 во Пионерскиот дом, членовите на бендот ќе го снимаат и ќе го објават како цеде-албум во живо. Во наредната, 2003 година, ќе започнат една „студиска” авантура, во домашното „Blank Studios” на Пере Гуров и на Борче Давков-Чикo (екс Куќен Совет). На снимените материјали тие ќе бидат и единствените гости, на удиралки и на перкусии, но и сниматели и продуценти. Овој урнебесен панк-хардкор-вејв материјал од 17 песни ќе биде објавен на цеде-формат под името Едниот Од Двата, исто така како DIY-издание, за етикетата на групата, „I.G. Records” (или, „Испосран Газ Рекордс”). Непосредно пред ФФобзнануването на вториот албум, јавноста ќе биде анимирана со ЕР-то Непарен Плоштад, а во наредната година бендот ќе промовира уште едно EP-издание. И двете се во основата дел од материјалот за вториот албум, но со малку поинакви верзии на носачките песни. И тоа засега ќе биде се од нив, што се однесува до нови изданија објавени во физички формат.

Во 2012 година, Стереотипови ќе објават компилација во дигитална форма, КРАЈ: Надобрите Песни Од Стереотипови Од 1995 До 2005 Година, а наредната година ќе следува и ЕР со 7 песни во дигитална форма, Мал Мозок. Последен пат концертно ќе се појави на 15.1.2016 во локалниот клуб „Ноктурно”. Интересен е фактот дека во 2014 година е започнато снимање документарен филм, сè уште непромовиран, со главен осврт на работата на Стереотипови како репрезентативен примерок на локалното велешко лудило.

Дискографија[уреди | уреди извор]

  • Ромео и Јулија се нејќеа демо касета (1996)
  • Оригинал на фалсификатот демо касета (1997)
  • Секс со замислен противник (1999)
  • Во живо (2002)
  • Едниот од двата (2004)
  • „Непарен плоштад” ЕП (2004)
  • „Трета генерација ретки билки” ЕП (2005, има бонус ЦД-Р со 3 албумите, 2 настапи на Рок Фест Штип, 2 демоа, скенови на албумите и необјавени снимки)
  • Крај бест-оф компилација (2012)
  • „Мал мозок” ЕП (2013)
  • Live at Club Tarantino 2014 ДВД (2014)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Филиповски, Тошо (2018). Македонска Рок Енциклопедија. Скопје: Корпус Деликти Рекордс, Тошо Филиповски. стр. 301, 302. ISBN 978-608-66200-0-4.