Фонетика и фонологија на старословенскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Старословенскиот гласовен систем ги опфаќа согласките и самогласкит во овој изумрен јазик. Дополнително, оваа област го проучува начинот на создавање на гласовите.

Самогласки[уреди | уреди извор]

Старословенската азбука се состоела од 38 букви со кои се обележувале словенските гласови, и тоа 11 самогласки, а дугите за согласки. Самогласките се обележувале со овие букви: а, є, и (і, ї) o (ѡ), ѹ, ѣ, ъ, ь, ы, ѫ, ѧ. Од нив тврди (од заден ред) се: а, ъ, о (ѡ), ѹ , ы, ѫ, а меки (од преден ред) се: є, и (i,ї), ь, ѣ и ѧ. Во фонетиката општо самогласките се делат на самогласки од преден ред т.е. такви што се образуваат во предниот дел на устата (со врвот на јазикот кој се движи кон предното непце и на самогласки од заден ред, т.е. такви што се образуваат во задниот дел на устата, со задниот дел на јазикот.

Покрај чистите самогласки имало и двогласки: я, ю, ѭ, ѩ и ѥ . Како што се гледа, за одбележување на гласот и имало три, а за о и у по два знака, но во нивното читање немало разлика. Подоцна во некои јазици (како македонскиот) се извршило едначење меѓу нив, додека кај некои останале да се употребуваат 2-3 од нив.

Самогласките ъ, ь, ѫ, ѧ, ы и ѣ се читале на следниов начин:

  • Старословенските гласови ъ и ь биле полугласови. Тоа значи дека биле редуцирани, односно мошне кратки гласови, пократки од кратките самогласки о и е. ъ бил од заден, а ь од преден ред. Тоа може да се види од фактот што согласките пред ъ не смекнувале, а пред ь смекнувале, како во сънъ, а н се озговарало како „н“, а во конь како „њ“.
Првиот полуглас ъ се вика „јор“ и се изговарал помеѓу о и а.
Полугласот ь се вика „јер“ и се изговарал помеѓу и и е. Примери за тоа се: дьнь, львъ, вьсь, тьмнь, льнь. Можеле да стојат и во средината и на крајот од зборот, зад согласка.
  • Гласот ѫ се изговарал како носно о, односно он: пѫть, зѫбъ, рѫка. Се нарекува „носно о“ или „голема носовка“.
  • Гласот ѧ се изговарал како носно e, односно како ен: мѧсо, рѧдъ, свѧтъ, грѧда. Се вика „носно е“ или „мала носовка“.
  • Гласот ѣ се изговарал како среден глас помеѓу е и а (eа): врѣмѧ, млѣко, сѣно. Се вика „јат“.
  • Гласоты се вика јери и се изговарал помеѓу и и ъ, слично на руското ы: рыба, дымъ, сынъ. Тој вокал е од заден ред.

Вокално р и л[уреди | уреди извор]

Во старословенскиот јазик постоеле и вокални р и л. Тие се обележувале со ръ и лъ (рь и ль) кога се наоѓале меѓу согласките: влъкъ, влъна, трънъ, итн.

Согласните групи шт и жд[уреди | уреди извор]

Согласните групи шт и жд се типични за старословенскиот гласовен систем. Тие се изговарале меко: ш'т', ж'д', како во свѣшта, ношть, мєжда, итн.

Извори[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]