Стадион Ким Ил-сунг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стадион „Ким Ил-сун“
Целосно име Стадион „Ким Ил-сун“
Место Пјонгјанг, Северна Кореја
Координати 39°2′37.4″N 125°45′27.7″E / 39.043722° СГШ; 125.757694° ИГД / 39.043722; 125.757694
Изграден 1926 (оргинал)
1969 (моментално)
Отворен 1 септември 1963
Реновиран 1982
Сопственик
Подлога Вештачка трева, тркачки патеки
Поранешни имиња Киримри Стадион
Моранбонг Стадион
Игра Фудбалска репрезентација на Северна Кореја
Фудбалска женска репрезентација на Северна Кореја
Пјонгјанг Сити Спорт Клуб
Кигванча Спорт Клуб
Гледачи 50,000

Стадионот Ким Ил-сунг е името на најголемиот повеќенаменски стадион кој се наоѓа во Пјонгјанг, главниот град на Демократска народна Република Кореја.

Историја[уреди | уреди извор]

Ким Ил сон стадионот бил првично изграден како Гиримри Стадион (기림리공설운동장) во 1926 година. На овој стадион се одржувал годишниот фудбалски натпревар помеѓу соперниците од Кјунгсунг од Сеул и Пјонгјанг во текот на 1920-тите години, 1930-тите и 1940 година.

На 14 октомври 1945, тоа било местото на победничкиот говор на Ким Ил Сунг по ослободувањето на Пјонгјанг, наречен "Секој обид за изградба на нова демократска Кореја".".

По поделбата на Кореја, тој вооглавно се користел како место за говори од политичарите, и тоа било местото на првиот говор на Ким Ил Сунг по враќањето од егзил на 14 октомври 1945 година. Поголемиот дел од стадионот бил уништен за време на корејската војна, (1950-1953)  главно, од страна на американските воздушни бомбардирањето на главниот град во текот на тие години. Повторно изградениот стадион во 1969 година, бил наречен Моранбонг Стадион, но во април 1982 година тој бил реновиран и бил преименуван во чест на Ким Ил сун. Тој се користел главно за фудбалски натпревари, и масовна гимнастика, до 1990-тите години (денес се одржуваат првомајските летови во чест на 1 мај).

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]