Средновековни кули во Кратово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Во Кратово, од двете страни на Табачка Река, имало дванаесет кули, пет на десната и седум на левата страна од реката. Денес во градот има шест кули, од кои некои се позачувани, а други веќе се полуурнати.[1]

Градба[уреди | уреди извор]

Ѕидините се од полуклепан камен и малтер, додека добро обработениот камен е употребен за вратите, прозорците, скалилата и ќошовите на кулите. Нивната внатрешност е поделена на три до четири ката: горните катови имаат по еден балкон и одделенија за живеење. Во долниот дел на кулите прозорците се потесни и издолжени, а што се оди понагоре, тие се сè пошироки. Сите прозорци имаат железни решетки. За заштита на кулите биле изградени и посебни посматрачници со мали отвори, однадвор оградени со камени штитови.

Историја[уреди | уреди извор]

Досега не се откриени историски податоци за времето на ѕидањето на кулите. Постои мислење според кое рударскиот центар Кратово, во кој во извесен период се ковале и монети, имал потреба од вакви одбранбени кули и пред доаѓањето на Турците. Меѓутоа, извесни архитектонски форми и декораивни елементи што ги имаат кратовските кули зборуваат во прилог на мислењето дека се дело на градителите од турскиот период.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Споменици на културата на Македонија, Мисла, Скопје, 1980