Срамота (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Срамота (англиски: Disgrace) — роман на писателот Џон М. Куци од 1999 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Романот претставува вознемирувачка приказна за тричлена банда што ја силува ќерката на посрамотениот професор и писател Дејвид Лури.[1]

Осврт кон романот[уреди | уреди извор]

„Срамота“ е вознемирувачки роман што тешко се заборава, зашто останува врежан во сеќавањето на читателот како физичка рана. Овој мајсторски приказ за приватното и јавното посрамотување има и политички и интимен карактер. Овој исклучителен, повеќеслоен и комплексен роман ја добил „Букеровата награда“ во 1999 година, со што Куци станал првиот писател кој ја освоил оваа награда двапати.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 7.
  2. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 7.