Љубка Рондова: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
. |
.. |
||
Ред 21: | Ред 21: | ||
За нејзиниот придонес во развојот и популаризирањето на б‘лгарската култура, на 22 мај 2002 година Љубка Рондова е удостоена со орден “Стара планина”. Таа е носител на орден “Кирил и Методиј” II степен и златен медал “Петко Војвода”. |
За нејзиниот придонес во развојот и популаризирањето на б‘лгарската култура, на 22 мај 2002 година Љубка Рондова е удостоена со орден “Стара планина”. Таа е носител на орден “Кирил и Методиј” II степен и златен медал “Петко Војвода”. |
||
⚫ | |||
⚫ | |||
[[bg:Любка Рондова]] |
[[bg:Любка Рондова]] |
||
[[en:Lyubka Rondova]] |
Преработка од 23:14, 5 март 2009
Љубка Рондова | ||
Родена | 1936 Шестеово, Егејска Македонија (ден. Грција) |
---|
Љубка Рондова е родена во костурското село Шестево (на грчки Сидирохори), Грција, во 1936 година. Во 1948 година, за време на грчката граѓанска војна, влегува во групата на таканаречените деца-бегалци, со кои е изнесена од комунистичките партизани надвор од земјата. Живее во Полска и Чехија. Завршува славјанска филологија на Карловскиот универзитет во Прага. Зборува неколку странски јазици. Во 1960 година семејството на Љубка се востановува во Б’лгарија и таа работи како ексурзиовод, преведувач, редактор и служител во оддели за култура во различни организации.
Нејзиниот сериозен пат на народна певица започнува по преселувањето во Софија, кога се зачленува во најстариот ансамбл во Б’лгарија за народни песни и танци “Гоце Делчев”. Во него останува 30 години, каде долго време е солистка и лицето на ансамблот. Тука, во средина на б’лгари иселеници од сите македонски краишта, таа го оформува и го збогатува својот репертоар на песни, изграден во основа врз песни, наследени од мајка и и баба и, а ги усовршува и своите изведувачки способности.
Во 1980 година, ги прави првите записи во Б’лгарското радио, а потоа и во Балкантон, Б’лгарската телевизија, Радио Благоевград. Ти се тиражирани на голем број грамофонски плочи, аудио и видео албуми.
Во 2000 година, е издаден нејзиниот прв албум на компакт диск “Смилјана”. Во него се вклучени 22 најпопуларни и омилени песни од целото нејзино 40-годишно музичко наследство. Во 2003 година, излегува и нејзиниот втор компакт диск “Песните са моите деца”, во кои се вклучени 15 потполно нови исполненија. Од нив 9 стари автентични песни од нејзиното родно Костурско и 6 авторски.
И до денешен ден Љубка Рондова продолжува да открива и запишува автентични б’лгарски народни песни.
За нејзиниот придонес во развојот и популаризирањето на б‘лгарската култура, на 22 мај 2002 година Љубка Рондова е удостоена со орден “Стара планина”. Таа е носител на орден “Кирил и Методиј” II степен и златен медал “Петко Војвода”.