Шестево

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Шестеово)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шестево
Σιδηροχώρι
Шестево is located in Грција
Шестево
Шестево
Местоположба во областа
Шестево is located in Костур (општина)
Шестево
Местоположба на Шестево во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°35′N 21°16′E / 40.583° СГШ; 21.267° ИГД / 40.583; 21.267Координати: 40°35′N 21°16′E / 40.583° СГШ; 21.267° ИГД / 40.583; 21.267
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаКостур
Надм. вис.&100000000000010400000001.040 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно125
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Шестево или Шестеово (грчки: Σιδηροχώρι, Сидирохори, до 1928 Σίστεβο, Систево)[2] — село во Општина Костур во Костурски округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 10 километри северно од градот Костур (Касторија) и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе во јужните делови на Нередска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 1040 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Според Тодор Симовски селото било основано по доаѓањето на Османлиите на овие простори, односно од битолски сточари кои побегнале од околината на градот и се населиле на местото каде денеска се наоѓа селото[3]. Во текот на 15 век, во селото биле евидентирани 60 глави на семејствата[4]. Во отоманската збирна даночна листа на немуслимансо население било споменато дека селото има 22 глави на семејства и еден неженен: Крузо, Јано, Стано, Коста, Никола, Димос, Герг, Никола, Јано, Герг, Никола, Јанос, Димо, Васил, Мано, Јано, Стефан, Јован, Ѓурко, Михо, Јано, Димо и Васил. Вкупниот приход за империјата од селото изнесувал 1.574 акчиња[5].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Шестево се состоело од 80 семејства со 140 жители муслимани и 400 Македонци[6][7]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Шестево имало 890 жители Македонци[6][8].

Поради активното учество на локалното население во Илинденското востание, селото настрадало четири пати од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, во селото од 180 куќи биле изгорени 27 и биле убени Јанаки Илиев (110 г.), Илија Новачков (70), Настовица Валковска (80), Николица Гавалова (70), Наковица Србинова (25), Султа Атанасова (30).[9] Според друг извор, во селото бле изгорени 30 куќи и 22 плевни. Од селото, 57 лица учествувале во востанието, од кои Јанаки Спасков бил убиен[10].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 544 македонски егзархисти и работеле две егзархиски училишта[6][11], како и 496 македонски патријаршисти[12]. Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 500 жители Македонци и 350 Грци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 120 македонски семејства[13]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.[14]

Во текот на Втората Балканска војна, селото настрадало и било окупирано од страна на грчките војски[3]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 602 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 573 жители. Во 1927 година, селото било прекрстено во Висинија.[15]Во текот на Првата светска војна, според официјалните бугарски документи, 14 жители се засолниле во Бугарија, додека 12 заминале во Бугарија по 1919 година. Во селото имало 12 политички убиства.[16]. Според Симовски, во периодот меѓу војните во Бугарија се иселиле 55 семејства или 239 лица.

Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупатори[17], по кое било предадено на бугарските сили. Во 1945 година биле регистрирани 550 Македонци.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 159 деца од селото биле протерани како деца бегалци[18]

По крајот на војната започнала масовна емиграција од селото кон Австралија, САД и Канада. Поради ова, бројот на населението започнал да се намалува.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 628 жители.[19], додека во 1940 година селото броело 609 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 315 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 190 жители, во 1971 година имало 162 жители, во 1981 година имало 182 жители, додека во 1991 година имало 155 жители[20]. Денеска, населението на селото е 125 жители според пописот од 2001 година.

Година 1928 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001
Население 628 609 315 190 162 182 155 125

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Шестево
Починати во Шестево

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Σιδηροχώρι
  3. 3,0 3,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 43. 
  4. Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.
  5. Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 101
  6. 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  7. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
  8. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  9. Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 292
  10. Илюстрация Илинден, бр.139, стр.13-14
  11. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
  12. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Sidiroxori.
  13. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
  14. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 220.
  15. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  16. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vissinia.
  17. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  18. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vissinia.
  19. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  20. Folketeljing 2011, revidert
  21. 21,0 21,1 Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 88.
  22. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 816.
  23. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 149.
  24. Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6. София: Главно управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 206 - 207. ISBN 954-9800-36-9. http://www.archives.government.bg/guides/12_P_BKP2.pdf. посет. 25 август 2015 г. 
  25. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 160.
  26. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 388.
  27. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 775.
  28. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 173.
  29. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 92.
  30. Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 97.