Енеј (син на Портаон): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
Vlad5250 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Oineus Staatliche Antikensammlungen 1905.jpg|мини|десно|200п|'''Енеј''']]
[[Податотека:Oineus Staatliche Antikensammlungen 1905.jpg|мини|десно|200п|'''Енеј''']]
'''Енеј''', ({{Lang-gr|Οἰνεύς}}) – калидонски [[крал]], син и наследник на кралот [[Портаон]].
'''Енеј''' ({{Lang-gr|Οἰνεύς}}) – калидонски [[крал]], син и наследник на кралот [[Портаон]].


== Митологија ==
== Митологија ==

Преработка од 11:41, 4 јуни 2019

Енеј

Енеј (грчки: Οἰνεύς) – калидонски крал, син и наследник на кралот Портаон.

Митологија

Во митовите Енеј најмногу се спомнува заради своите потомци, а и заради еден свој пропуст.

Енеј се женел два пати и со двете жени имал деца.

Со Алтеја, првата жена, го имал синот Мелеагар, кој бил водач на ловот на калидонскиот вепар и ќерката Дејанира, втората жена на Херакле, најголемиот јунак на античките митови.

Со втората жена, Перибоја го имал синот Тидеј, еден од водачите на несреќниот поход „седуммина против Теба“.

Енеј при принесувањето жртви на боговите како благодарност за успешната жетва заборавил на божицата Артемида. Увредена Артемида во Калидон пратила џиновски вепар кој уништувал сè пред себе и бил толку опасен и силен што морале да се здружат најдобрите ловци од цела Грција за да го убијат. Таа случка е позната како „поход на калидонскиот вепар“.[1]

Наводи

  1. Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.