Млечен Пат: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с r2.7.3) (Робот: Додава vep:Maidote |
с r2.7.3) (Робот: Ја менувам si:ක්ෂීරපථය во si:ක්ෂීරපථය |
||
Ред 166: | Ред 166: | ||
[[sq:Rruga e Qumështit]] |
[[sq:Rruga e Qumështit]] |
||
[[scn:Jolu di San Jàbbucu]] |
[[scn:Jolu di San Jàbbucu]] |
||
[[si: |
[[si:ක්ෂීරපථය]] |
||
[[simple:Milky Way]] |
[[simple:Milky Way]] |
||
[[sd:کيرائين واٽ ڪهڪشان]] |
[[sd:کيرائين واٽ ڪهڪشان]] |
Преработка од 17:57, 6 март 2013
Инфрацрвена слика на јадрото на галаксијата „Млечен пат“ | |
Датум на набљудување | |
---|---|
Тип | SBbc (спирална галаксија) |
Пречник | 100,000 светлосни години |
Дебелина | 1,000 светлосни години (ѕвезди) |
Број на ѕвезди | 200 дп 400 милијарди |
Најстара позната ѕвезда | 13.2 милијарди години[1] |
Маса | 5.8×1011 M☉ |
Оддалеченост на сонцето од галактичкиот центар | 26,000 ± 1,400 светлосни години |
Сончев галактички период на ротација | 220 милиони години (негативна ротација) |
Период на спирална ротација | 50 милиони години[2] |
Bar pattern rotation period | 15 до 18 милиони години[2] |
Speed relative to CMB rest frame | 552 km/s[3] |
Поврано: Галаксија, Список на галаксии | |
Млечен Пат (на латински Via Lactea, со корени во грчкиот термин Γαλαξίας (Galaxias) ), е спирална галаксија која припаѓа на локалната група на галаксии во нашиот универзум. Иако Млечен Пат е само една од билијардата галаксии кои егзистираат во познатиот универзум, галаксијата е од особено значење на човештвотот и е дом на нашиот сончев систем. Терминот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела светлика која се простира над земјината атмосфера, видлива од Земјата. Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во оваа галаксија, која е најсветла во делот каде што е соѕвездието – Стрелец, кон галактичкиот центар.
Главниот диск на галаксијата е широк меѓу 80.000 и 100.000 светлосни години во дијаметар, и околу 1000 светлосни години во дебелина. Се претпоставува дека галаксијата Млечен Пат содржи меѓу 200 и 400 билиони ѕвезди.
Старост
Староста на галаксијата се претпоставува дека е 13,6 билиони години, или врсник на нашиот универзум. Овие бројки се базираат врз истражувања во 2004, кои ги спроведе тим на реномирани астрономи.
Местото на нашето Сонце во галаксијата Млечен Пат
Сонцето, а со тоа и Земјата и соларниот систем, се наоѓа во близината на надворешниот крак наречен Раката на Орион, на оддалеченост од 7,94 ±0,42 парсека од галактичкиот центар. Далечината меѓу Орионовата рака и Раката на Персеј која е следна изнесува 6,500 светлосни години.
На Сонцето му се потребни меѓу 225-250 милиони години да заврши една орбита околу галактичкото јадро. Орбиталната брзина на соларниот систем е околу 217 км во секунда.
Иднината на Млечен Пат
Најновите истражувања покажуваат дека галаксијата Андромеда се приближува до галаксијата Млечен Пат со брзина од 300 км/с. Според ова истражување двете галаксии ќе се судрат за отприлика 3-4 билиони годиниа. Доколку ова се случи се претпоставува дека нашето Сонце и другите ѕвезди нема да се судрат меѓусебно, туку ќе се спојат за да формираат елиптична галаксија чие формирање ќе трае околу билион години.
Народни верувања во Македонија
Летно време, по средината на целото небо се гледа белузлавата лента на нашата галаксија Млечен Пат. Кај народот таа лента има две имиња: Кумова Слама и Попова Слама, од кои второто најверојатно е постаро народно име. Според преданијата, на небото е отсликана кражбата на слама на некој поп (или кум) од кумашинот.[4]
Референци
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеfrebel
. - ↑ 2,0 2,1 Предлошка:Цитирано списание
- ↑ Предлошка:Цитирано списание
- ↑ Ѓоре Ценев, „Небото над Македонија“, МКЦ Скопје, 2004, стр. 71-72.