Советник за национална безбедност (САД)
Помошник на претседателот на САД за национална безбедност (англиски: Assistant to the President for National Security Affairs APNSA), или најчесто скратено како советник за национална безбедност (NSA) [1] ― главен советник на претседателот на Соединетите Американски Држави за сите прашања поврзани со националната безбедност. Тој е член на Советот за национална безбедност на САД кој е дел од Извршната канцеларија на претседателот на САД. Канцеларијата на советникот за национална безбедност се наоѓа во западното крило на Белата куќа.
Советникот за национална безбедност го назначува претседателот, а потоа не треба да биде изгласан од Сенатот. Ако за оваа функција се именува генерал со три или четири ѕвезди, Сенатот треба да го потврди воениот чин.[2] Советникот за национална безбедност учествува на состаноците на Советот за национална безбедност (НСК). Советникот за национална безбедност, исто така, заседава во Советот за домашна безбедност (ХСЦ).
Моќта и улогата на советникот за национална безбедност варира од администрација до администрација, но во суштина е човек на ЦИА во Белата куќа.[3] Од 1953 година, овој функционер предводел специјална група за надгледување на тајните операции на ЦИА во странство, која во 1970-тите била трансформирана во Четириесетти комитет (Forty Committee).[4]
За време на криза, советникот за национална безбедност работи во Собата за ситуации во Белата куќа и на претседателот му обезбедува најнови вести за кризата.
Актуелен советник за национална безбедност (од 20 јануари 2021) е Џејк Саливен.
Наводи
[уреди | уреди извор]2009-02: The National Security Advisor and Staff (PDF). WhiteHouseTransitionProject.org. 2009. Архивирано од изворникот (PDF) на March 3, 2016. Посетено на March 1, 2015.
- ↑ The National Security Advisor and Staff: p. 1.
- ↑ Portnoy, Steven (February 21, 2017). „McMaster will need Senate confirmation to serve as national security adviser“. CBS News. Архивирано од изворникот на March 1, 2017. Посетено на March 12, 2017.
- ↑ „"Playing God With the Forty Committee", by L. Fletcher Prouty“. ratical.org. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Посетено на 2020-09-23. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ „"Playing God With the Forty Committee", by L. Fletcher Prouty“. ratical.org. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Посетено на 2020-09-23. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|