Смокинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Смокинг

Смокинг[1][2] — машки вечерен костум, обично изработен од црна ткаенина, помалку свечен од фракот. Се состои од едноредно или дворедно сако со длабок рез на градите, со ревери обрабени со свила, црни панталони кои од надворешната страна имаат пришиено свилена лента а (француски галон) и често црн елек, кој може да го замени широк свилен појас. Со смокинг се задолжителни бела штиркана кошула, црна папилотка и црни лакирани чевли. Има и бел смокинг (почест во земјите со потопла клима), изработен од светло бела ткаенина, но денес смокинзите доаѓаат и во други бои.

Смокингот првенствено бил создаден како домашно палто прво за пушење, а потоа било заменето со палто за вечера - дел од облека во кој се пристапувало на трпеза. Зборот смокинг во оваа смисла првенствено се користи во континенталните европски земји, додека во земјите од англиско говорно подрачје оваа облека се нарекува dinner jacket - сако за вечера во Велика Британија и земјите од Комонвелтот (неформално и блек тај (black tie - црна вратоврска), односно тукседо во САД.

Наводи[уреди | уреди извор]