Скрум (развој на софтвер)
Scrum ― агилна рамка за групна соработка која вообичаено е користена во развој на програмска опрема и во други индустрии.
Scrum пропишува групите да ја разделат работата на цели кои треба да бидат завршени во временски рамки, наречени „спринтови“. Секој спринт не е подолг од еден месец и обично трае две недели. Екипата на Скрум го проценува напредокот во временски рамки, stand-up состаноци до 15 минути, наречени дневни скрумови. На крајот од спринтот, екипата одржува два дополнителни состаноци: еден преглед на спринт за да ја демонстрира работата за засегнатите страни и да побара повратна информација, и една внатрешна ретроспектива на спринт. Лицето задолжено за екипата на Скрум обично се нарекува „скрум мајстор“. [1]
Пристапот на Скрум за развој на производи вклучува доведување на авторитетот за одлучување на оперативно ниво.[2] За разлика од секвенцијалниот пристап кон развојот на производот, scrum е итеративна и инкрементална рамка за развој на производот.[3] Скрум овозможува постојана повратна информација и флексибилност, барајќи од екипите да се самоорганизираат со поттикнување физичка колокација или блиска онлајн соработка и наложување честа комуникација меѓу сите членови на тимот. Флексибилниот и полунепланиран пристап на скрум делумно се заснова на поимот нестабилност на барањата, дека засегнатите страни ќе ги менуваат нивните барања како што се развива проектот. [4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „What Is A Scrum Master? Everything You Need To Know – Forbes Advisor“. www.forbes.com. Посетено на 5 декември 2023.
- ↑ Schwaber, Ken (1 февруари 2004). Agile Project Management with Scrum. Microsoft Press. ISBN 978-0-7356-1993-7.
- ↑ „What is Scrum?“. What is Scrum? An Agile Framework for Completing Complex Projects – Scrum Alliance. Scrum Alliance. Посетено на 5 декември 2023.
- ↑ J. Henry and S. Henry. Quantitative assessment of the software maintenance process and requirements volatility. In Proc. of the ACM Conference on Computer Science, pages 346–351, 1993.
- ↑ Ken Schwaber; Џеф Сатерленд. „The Scrum Guide“ (PDF). Scrum.org. Посетено на 5 декември 2023.
Дополнителна книжевност
[уреди | уреди извор]- Vacaniti, Daniel (February 2018). „The Kanban Guide for Scrum Teams“ (PDF). scrum.org. Посетено на 5 декември 2023.
- Verheyen, Gunther (2013). Scrum – A Pocket Guide (A Smart Travel Companion) ISBN 978-9087537203.
- Münch, Jürgen; Armbrust, Ove; Soto, Martín; Kowalczyk, Martin (2012). Software Process Definition and Management. Springer. ISBN 978-3-642-24291-5.
- Project Management Institute (2021). A guide to the project management body of knowledge (PMBOK guide). Project Management Institute (7th. изд.). Newtown Square, PA. ISBN 978-1-62825-664-2.
- Rubin, Kenneth (2013). Essential Scrum. A Practical Guide to the Most Popular Agile Process (англиски). Addison-Wesley. стр. 173. ISBN 978-0-13-704329-3.
- Deemer, Pete; Benefield, Gabrielle; Larman, Craig; Vodde, Bas (2009). „The Scrum Primer“. Посетено на June 1, 2009.
- Janoff, N.S.; Rising, L. (2000). „The Scrum Software Development Process for Small Teams“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на November 6, 2015. Посетено на 5 декември 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Скрум (развој на софтвер)“ на Ризницата ? |
- Agile Alliance's Scrum library Архивирано на 24 јули 2011 г.
- A scrum process description by the Eclipse process framework (EPF) project