Силјан Ѓeшкоски
Изглед
Силјан Ѓешкоски | ||
Роден | 1900 година Долно Добреноец, Кичевско, Македонија под Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починал | 15 ноември, 1944 година Кичево, Македонија | |
Националност | Македонец |
Силјан Радев Ѓешкоски ( 1900 во Долно Добреноец, Кичевско — 15 ноември 1944 во Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]По занимање бил земјоделец. Како земјоделец и симпатизер на народно ослободителното движење, цело време го помагал движењето, а од есента 1944 година се приклучил во редовите на Шестата бригада. Со Бригадата учествувал во борбите за ослободувањето на Кичево на 15 ноември 1944 година ѝ загинал во борба со балистите покрај реката Сушица во близината на градот.[1]