Силомер
Силомер или динамометар – мерен инструмент кој служи за мерење на силасили (влечни и потисни) (на пример за мерење на силата со која влече локомотива) или, индиректно, за одредување на снагата на машини (на пример силомерот е еден од составните делови на Прониевата кочница, уред за одредување на корисната снага на машините).[1]
Силомерска вага
[уреди | уреди извор]Силомерска вага е силомер кој ја мери надворешната сила која ја доведува во рамнотежа со еластична сила на пружината. Промената на должината на оптоварувањето на спиралното перце или промената на обликот на лакот се пренесува на стрелката, а поместувањето на стрелката се отчитува на бројчаникот како износ на силата.
Хидраулички силомер
[уреди | уреди извор]Хидраулички силомер е силомер за мерење притисок во облик на шуплив валјак, делумно исполнет со течност, со клип кој тесно прилегнува на ѕидовите на валјакот и со манометар кој ја покажува промената на притисокот во течноста кога на клипот делува сила.
Колинов силомер
[уреди | уреди извор]Колинов силомер е силомер со кој во физиологијата се мерат силите на мускулите на рацете и нозете. Годицковиот силомер служи за мерење на силата на мускулите кои ја движат вилицата.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „dinamometar“. Leksikografski zavod Miroslav Krleža, 2020. Посетено на 14 ноември 2020.