Прејди на содржината

Силни (серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Силни
Жанрдрама
теленовела
Создадена одАдријан Суар
УлогиЛусијано Кастро
Хулиета Диаз
Маријано Мартинес
Марсела Клустербоер
Земја на потеклоАргентина
Првичен јазикшпански
Бр. на епизодинепознато
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал 13
Првично прикажување9 февруари 2009 – во емитување
Хронологија
Следбеникнепознато
Надворешни врски
eltrecetv.com.ar/home/valientes2009/Default.aspx

Силни (шпански јазик: Valientes) е аргентинска драма теленовела. Серијата започна да се емитува на местото на популарната телекомедијата Од љубов кон тебе во вечерниот термин и стартуваше со огромен успех којшто се задржа сѐ до завршетокот на серијата.

Пред триесет години, најмоќникот маж во едно мало село во провинцијата на Буенос Аирес ја менува судбината на тројца браќа. Тој човек, Лауреано Гомес Акуња, сопственик на најголемите земји, му зема сѐ на Роке Соса, што го доведува до ситуација на беда и му дава до знаење дека никогаш нема да биде тој стариот. Тоа го доведува до смрт, оставајќи зад себе тројца мали момчиња: Леонардо, Сегундо и Енцо. Секој од нив го очекува различна судбина. Тројцата се одгледани од три различни семејства.

Денес конечно дошол моментот на правосудието. Леонардо решава да го открие својот брат и заедно да се одмаздат за смртта на својот татко. За таа цел тој има подготвено план: да купи сервис спроти куќата на Гомес Акуња во Буенос Аирес и од таму да дејствуваат под туѓа сопственост. Меѓувреме, браќата започнуваат врски, кои излегуваат од границите на главниот план кој го имат.

Лео се загледува во една од ќерките на својот непријател Лауреано, Хуана и тоа претставува начин да влезе во животот во семејството Гомес Акуња откако ја заведува. Од друга страна, Сегундо израснал кај Ромуалдо, човек без образование, кој му остава наследство на синот иста степен на необразованост. Момчето се вљубува во малата ќерка на Лауерано, Исабел, модерна девојка која штотуку се вратила од странство. Кога се запознава со Сегундо, таа се сожалува и го учи да чита и пишува. Но всушност таа се загледува во помладиот брат на Сегундо, Енцо.

Времето минува, и планот малку по малку се исполнува. Одмаздата добива завршен чин... сепак љубовта исто така зазема основно место во оваа борба на интереси.

ГлумциЛикови
Лусијано КастроЛеонардо Соса
Хулиета ДиазАлма Варела / Алма Гомес Акуња
Маријано МартинесСегундо Соса
Марсела КлустербоерИсабел Гомес Акуња
Гонсало ХередијаЕнцо Соса
Елеонора ВесклерХуана Гомес Акуња
Бетина БлумАргентина Варела
Арналдо АндреЛауреано Гомес Акуња

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]