Сефер Ага

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Сефер Ага е познат припадник на башибозучки чети, којшто учествувал и при задушувањето на Илинденското востание, при што во една битка загинал. Имено, неговиот башибозук заедно со уште 1.000 турски војници стапиле во борба со 500-тината востаници коишто неуспевајќи да го заземат градот Кичево се повлекле во селото Карбуница. При таа битка загинале стотина Турци меѓу кои и самиот предводник на башибозукот, Сефер Ага.

За таа случка народот испеал и песна:

Не оди Сефер село Карбуница[уреди | уреди извор]

Нели ти реков, седи не оди,
седи не оди, село Карбуница?
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.

Не оди Сефер село Карбуница,
село Карбуница горе Ѓурѓевица.
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.

Таму ми те чекат славните комити,
славните комити, сè одбор јунаци.
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.

Тебе ќе фатат, глава ќе ти сечат,
глава ќе ти сечат, глава арамиска.
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.

Ќе ти пресечат глава до рамена,
глава до рамена, нозе до колена.
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.