Прејди на содржината

Семрежен маркетинг

Од Википедија — слободната енциклопедија

Интернет-маркетинг, исто така познато како веб-маркетинг, онлајн-маркетинг или е-маркетинг е маркетинг за производи и услуги на интернет.

Интернетот донесе многу уникатни бенефиции за маркетингот, од којшто еден е и пониската цена на дистрибуција и медиуми за глобалната публика. Интерактивната природа на интернет-маркетингот, како за обезбедување на инстантен одговор од страна на публиката, така и за предизвикување на нивната реакција, е уникатен квалитет на ваквиот медиум. Понекогаш за интернет-маркетингот се смета дека има поширок дијапазон бидејќи не се однесува само на дигиталните медиуми како што се интернет, Е-пошта и безжични медиуми; Интернет-маркетингот исто така вклучува и управување на дигиталните податоци на корисниците и систем за управување на електронските кориснички врски.

Интернет-маркетингот ги поврзува креативните и техничките аспекти на интернетот, вклучувајќи дизајн, развој, рекламирање и продажба.

Интернет-маркетингот исто така се однесува на пласирање на медиумите низ различните фази во процесот на ангажирање на купувачите (customer engagement cycle), преку: маркетинг пребарувачи, оптимизациски пребарувачи, банер реклами на специфични мрежни места, e-mail маркетинг, стратегии на Пајажина 2.0 . Во 2008 година Њујорк Тајмс во соработка со comScore објавија почетна проценка за квалифицирање на корисничките податоци собрани од страна на големи интернет-засновани компании. Броејќи четири типа на интеракции со мрежните места на различни компании како додаток на хитовите од рекламирањето приложени од страна на мрежите за рекламирање, авторите пронајдоа потенцијал за собирање на податоци од корисник, во просек по 2500 пати за еден месец.[1]

1. Story, Louise and comScore (10 март, 2008)"They Know More Than You Think" (JPEG). in Story, Louise (10 март, 2008). "To Aim Ads, Web Is Keeping Closer Eye on You" The New York Times (The New York Times Company). Преземено на 18-03-2009

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]