Пајажина 2.0

Од Википедија — слободната енциклопедија
Облак од ознаки (сам по себе карактеристична појава во Пајажина 2.0) со теми својствени на Пајажина 2.0

Пајажина 2.0 (англиски: Web 2.0) е поим смислен од Орајли Медија во 2004 година[1], а се однесува на восприемените или предложените услуги засновани на интернет од втора генерација, како што се мрежните места за друштвено вмрежување, викија, алатки за комуникација и фолксономии, со кои се нагласува соработката преку интернет и споделувањето информации помеѓу корисниците. О‘Рајли Медија и Медија лајв интернешнл ја користеа фразата како наслов за серија конференции, по што некои техничари и луѓе од маркетингот ја имаа усвоено. Нејзиното значење не е точно определено, а некои експерти, како Тим Бернерс Ли, го имаат поставено прашањето дали терминот воопшто има значење[2].

Последната компактна дефиниција на Пајажина 2.0, според Тим Орајли, гласи:

«Пајажина 2.0 е деловна револуција во сметачката индустрија, предизвикана од придвижувањето кон интернет како платформа, и претставува обид да се разберат правилата за успех на оваа нова платформа. Главно правило во оваа област е: гради апликации кои ги користат ефектите од вмрежувањето за да станат подобри, па за да ги користат повеќе луѓе. (Ова на друго место го имам наречено „користење на колективната интелигенција“.)»[3].

Концептот Пајажина 2.0 започна со сесија помеѓу О’Рајли и МедиаЛајв Интернешнл. Дејл Доџерти и О’Рајли, увидоа дека пајажината воопшто не се уништи, туку стана повеќе важен од било кога, со нови апликации и мрежни места. Компаниите кои го преживеаја колапсот имаат нешто заедничко. Дали колапсот на дот-компаниите означи некаков нов почеток за интернетот (пајажината)? Така беше родена идејата за Пајажина 2.0.[4] Зголемувањето на оутсорсинг и мрежни услуги не е ништо друго туку почетокот на Пајажина 2.0 , според Скот Диетзен, каде пајажината станува универзална, заснована на стандарди, интегрирана платформа. Пајажина 1.0 е коренот на компаниската инфраструктура.[5]

Особености[уреди | уреди извор]

Мрежните места направени според Пајажина 2.0, се градат врз инфраструктурата на Пајажина 1.0 овозможувајќи мрежа врз подлога и дозволувајќи корисниците да употребуваат апликации преку прелистувачот. Корисниците можат да ја поседуваат содржината на мрежното место или да ја контролираат. Овие мрежни места имаат архитектура на учество која ги охрабрува корисниците да додаваат вредност на апликацијата како што ја користат. Ова е различно од традиционалните мрежни страни, кои ги ограничуваат посетителите само на разгледување на мрежното место, и кои може да ги менува само нивниот сопственик.

Мрежните места од Пајажина 2.0 нудуват богат, пријателски посредник заснован на Ajax и слични клиент рамки или на други апликациони клиент- опслужувач рамки.[6]

Други атрибути на Пајажина 2.0 се: богато корисничко искуство, корисничко учество, динамичка содржина, метаподатоци, мрежни стандарди и размерливост.[7]

Пајажина 1.0 Пајажина 2.0
DoubleClick Google AdSense
Ofoto Flickr
Akamai BitTorrent
mp3.com Napster
Britannica Online Wikipedia
лични мрежни страници блогирање
evite upcoming.org and EVDB
шпекулирање на доменот оптимизација на пребарувач
посетеност на страна цена по кликнување
screen scraping мрежни услуги
објавување учество
content management systems wikis
directories (taxonomy) tagging (folksonomy)
stickiness синдикација

[8]

Ajax[уреди | уреди извор]

Во основа, тоа што под Ajax се мисли е сега JavaScript функционира. А тоа значи дека мрежните програми сега можат да работат како десктоп апликации. Во овој момент, цела нова генерација на софтвер е пишувана за да го искористи Ajax. Ajax бумот не настана до 2005 кога се појавија Гугл мапи.[9]

Демократија[уреди | уреди извор]

Вториот голем елемент на Пајажина 2.0 е демократијата. Сега имаме повеќе примери со кои може да докажеме дека аматерите можат да ги надминат професионалците, кога имаат систем кој ги поддржува. Wikipedia е можеби најпознатата. Критичарите и даваат средни оценки, но можеби го одбегнуваат најважното: таа е доволно добра. И бесплатна е, што значи дека многу луѓе ја читаат. Дури и почетниците се различни овој пат. За време на бубачката, почетник значеше компанија водена од МБА кој користеше милиони долари инвеститорски пари да се развие брзо. Сега почетник е мала, млада, техничка група, која сака да направи нешто важно, а потоа ќе одлучи дали сака да користи пари од инвеститорите.[10]

Нема малтретирање на корисниците[уреди | уреди извор]

Вкупниот дизајн на просечното мрежно место во 90-тите беше навредлив. Многу од најпопуларните места беа оптоварени со големи реклами поради кои тешко се лоадираа. Притоа беше пратена пораката — ова е наше место, не ваше. Коренот на проблемот беше што местата сметаа дека даваат нешто бесплатно. Понекогаш доагаше до точка на економски садизам: сопствениците на мрежните места претпоставуваа дека колки повеќе болка му нанесуваат на корисникот, толку повеќе ќе имаат корист.[11]

Технолошки преглед[уреди | уреди извор]

Комплексната и постојано еволуирачката технолошка инфраструктура на Пајажина 2.0 содржи опслужувач-програм, синдикација на содржината, протоколи за праќање пораки, стандардни бролзери и клиент апликации. Различните но комплементарни приоди на таквите елементи им овозможуваат складирање на информацџии на местата од Пајажина 2.0, создавање на раширни предизвици и можности кои ги нема Пајажина 1.0.  

Употреба[уреди | уреди извор]

Влада[уреди | уреди извор]

Пајажина 2.0 места како Twitter, YouTube и Facebook, овозможија да се направи корисен начин за граѓаните да се поврзат со високите институции, нешто што порано не беше возможно. Директната интеракција со државните органи ја заменува застарената еднострана комуникација со еволвирани јавни интерактивни методи.

Високо образование[уреди | уреди извор]

Универзитетите ја користат Пајажина 2.0 технологијата за да и се доближат до генерација ипсилон. Примери за ова се друштвените места, обновување на мрежните места на институциите и виртуелните образовни рамки како Мудл кој им дозволува на студентите да се логираат и да поставуваат прашања. Додатно на бесплатните друштвени места, некои училишта создаваат системи кои се слични на нив, но исто така се поврзани со база на податоци на училиштето.

Јавна дипломатија[уреди | уреди извор]

Иницијатива за Пајажина 2.0 си има поставено израелската влада. Земјата е прва која има сопствен официјален блог[12] , МајСпејс страна [13], ЈуТуб канал[14] и Фејсбук страна[15] .

Социјална работа[уреди | уреди извор]

Социјалните работници ја употребуваат технологијата Пајажина 2.0 за клиничка пракса, организирање на средината, административни работи и функции.  

Мрежно-засновани програми[уреди | уреди извор]

Ајакс помогна да се изградат мрежни места кои се слични со апликации за пишување, слајд презентација и слично. Неколку бролзер- засновани оперативни системи се појавија, кои се однесуваат како апликациони платформи, нудејќи одлики како нормалните апликации на личен сметач, вклучувајќи ја можноста да се уклучат преку бролзер.

Интернет апликации[уреди | уреди извор]

Поддржувачите на Пајажина 2.0 ја гледаат синдикацијата на содржината на Пајажина 2.0 како одлика на Пајажина 2.0, бидејќи се однесува врз основа на стандардни протоколи, кои им дозволуваат на крајните корисници да ја користат содржината на мрежното место во друг контекст (друго мрежно место, плаг-ин за бролзер, или десктоп апликација). Протоколи кои поддржуваат синдикација се РСС, РДФ, Атом, сите ХМЛ формати.

Економска страна на Пајажина 2.0[уреди | уреди извор]

Пајажина 2.0 компаниите изгледаат како да ја издржуваат финансиската криза. Со инвестициони банки кои пропагаат и цените на храната да се покачуваат, економските предвидувања ставаат темен облак врз сметачката индустрија. Сепак технолошки компании како Apple, Google, и Amazon покажуваат здрави приходи, и покрај очекуваното намалувње на рекламирањето, новите дигитални мрежи изгледаат добро.[16]

Критиките за Пајажина 2.0 се дека не претставува нова верзија на пајажината туку само ги продолжува технологиите и концептите на Пајажина 1.0. Технологиите како Ајакс не ги заменуваат постоечките протоколи, туку само додаваат нов слој врз нив. Многу од идеите на Пајажина 2.0 веќе се имплементирани во некој мрежни ситеми. Амазон, на пример, им дозволува на корисниците да пишуваат критики и кориснички водичи од неговото лансирање во 1995 година.

Во едно интервју, Тим Бернерс Ли го опиша поимот Пајажина 2.0 како жаргон.

Никој вистински не знае што означува Ако Пајажина 2.0 за тебе се блогови и викии, тогаш тоа е помеѓу луѓето. Но, и пајажината беше измислена токму затоа.

Други критики го вклучуваат терминот Втората бубачка (споредувајќи ја со таа во 2001 година) предложувајќи дека многу компании за Пајажина 2.0 се обидуваат да го изработат истиот производ во недостиг од бизнис модели. Исто така критичарите го цитираат јазикот на кој е напишан Пајажина 2.0 како Техно-утописка реторика.[17] Пајажина 2.0 не е првиот пример на комуникација којсоздава лажена надуена вредност на технологијата и нејзиното влијание врз културата.

Трговска марка[уреди | уреди извор]

Во ноември 2004 година, ЦМП медија аплицираше за трговска марка под името Пајажина 2.0 во Ирска. Сепак сѐ уште не е регистрирана во ЕУ.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Пол Греам (2005). „Пајажина 2.0“. Посетено на 2 август 2006. (англиски)
  2. Нејт Андерсон (1 септември 2006). „Тим Бернерс-Ли за Пајажина 2.0: „nobody even knows what it means". Посетено на 5 септември 2006. (англиски)
  3. Тим Орајли (10 декември 2006). „Компактна дефиниција за Пајажина 2.0: Повторен обид“. Посетено на 20 јануари 2007. (англиски)
  4. http://www.oreillynet.com/pub/a/oreilly/tim/news/2005/09/30/what-is-web-20.html
  5. Eric Knorr (2003-12-15). «CIO special issue: Fast Forward 2010: The Fate of IT, article: 2004 — The Year of Web Services». [1]
  6. Dion Hinchcliffe (2006-04-02). The State of Web 2.0. Web Services Journal. [2][мртва врска]
  7. „Lecture Web Information Systems. Techni sche Universiteit Eindhoven“. Архивирано од изворникот на 2009-03-03. Посетено на 2009-05-13.
  8. What is Web 2.0
  9. Web 2.0 Ajax
  10. Web 2.0 Democracy
  11. Web 2.0 Don’t Maltreat Users
  12. Israel Video Blog aims to show the world 'the beautiful face of real Israel'
  13. Israel seeks friends through MySpace page
  14. Israel uses YouTube, Twitter to share its point of view
  15. Israel’s New York Consulate launches Facebook page
  16. „Web 2.0 economy hangs in a limbo“. Архивирано од изворникот на 2011-11-14. Посетено на 2009-05-19.
  17. Critical Perspectives on Web 2.0, Special issue of First Monday, 13(3), 2008.". [3].

Надворешни врски[уреди | уреди извор]