Свети маченик Никифор

Од Википедија — слободната енциклопедија

Св. маченик Никифор - православен светец.

Житие[уреди | уреди извор]

Во 3. век, во Антиохија живееле Никифор и Саприкиј, кои биле блиски пријатели. Но, еден ден, тие се скарале и повеќе не сакале ниту да се видат. По некое време, Никифор ја сфатил бедата на лутината и побарал прошка од Саприкиј, кој бил свештеник. Наспроти сите молби, Саприкиј не сакал да се помири со Никифор. Во тоа време, при прогонот на христијаните, Саприкиј бил затворен и подложен на мачење поради неговата вера. Најпосле, тој бил осуден, а на патот до губилиштето Никифор со солзи го молел да му прости, но Саприкиј повторно останал тврд. Така, тој ја изгубил верата и на губилиштето се откажал од Христа, а Никифор, гледајќи го тоа, самиот побарал и бил погубен наместо него.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Верски календар“, Дневник, година XX, број 5995, понеделник, 22 февруари 2016, стр. 30.