Прејди на содржината

Сатаван

Координати: 05°18′N 153°42′E / 5.300°N 153.700°E / 5.300; 153.700
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сателитска снимка на Сатаван.

Сатаван е атол во сојузната држава Чук во Микронезија. Атолот се наоѓа на околу 250 км југоисточно од Чук.[1] Географски атолот е дел од Номојските Острови, или наречени Мортлокови Острови. За време на Втората светска војна на атолот имало јапонска писта.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]

На Сатаван има 4 од 40-те општини во државата:

  1. Сатаван (исток)
  2. Та (југ)
  3. Куту (запад)
  4. Моч (север)

Сатаван и Та статистички се сметаат за Долни Мортлокови, а Куту и Моч како Средни Мортлокови.

Атолот Сатаван има население од 2.935 жители според пописот од 2000 година. Атолот има вкупна површина од 419 км2 (заедно со лагуната), а без лагуната има 4.6 км2.

  1. „Oceandots - Satawan“. Архивирано од изворникот на 2010-12-23. Посетено на 2012-04-05.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

05°18′N 153°42′E / 5.300°N 153.700°E / 5.300; 153.700