Само вистината победува

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Само вистината победува (санскрит: सत्यमेव जयते; сатјам ева џајате) е национално мото на Индија[1]. Напишано е на писмото деванагари и се наоѓа на основата на националниот симбол (на сликата). Потеклото на мотото е од познатата мантра 3.1.6 на Мундака Упанишадата [1]. Следи целата мантра.

сатјамева џајате нанритам
сатјена панта витато девајана
јена крамантјаришајо хијаптакама
јатра тат сатјасја парамам ниданам

Што значи:

Само вистината победува, не лагата.
Низ вистината во Божествениот пат да се распространи
по кој победата, чии желби се во потполност исполнети,
допира до местото, каде е врховното богатство на вистината.[2]

M. A. Мехендале во неговата "Satyam Eva Jayate Nānṛtam"[3] го оспорува ова толкување и дава други толкувања засновани на други анализи на упанишадата и користењето на санскрит. Мотото на Чешката Република како наследник на Чехословачка, „Pravda vítězí“ („вистината преовладува“) има слично значење.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Department related parliamentary standing committee on home affairs (2005-08-25), One hundred and sixteenth report on the state emblem of India (Prohibition of improper use) Bill, 2004, New Delhi: Rajya Sabha Secretariat, New Delhi, стр. 6.11.1, конс. 2008-09-26 
  2. Swami Krishnananda. „The Mundaka Upanishad:Third Mundaka, First Khanda“. 
  3. Mehendale, M. A. (1961 г). Satyam Eva Jayate Nanrtam. „Journal of the American Oriental Society“ том  81 (4): 405--408.