Сакос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сакос

Сакос[1]епископска одежда создадена со земање делови од одеждите на византиските цареви и делови од одеждите на старозаветните свештеници.

Тоа е всушност горна облека од бел материјал, украсена со златен и сребрен вез, расечена од страните (не зашиени како стихарот) и долж ракавите и од страните се спојува со кружни златни прапорци и врвки.

Сакос е грчки збор (σάκκος) и значи вреќа. Ова нè потсетува на облеката во која бил облечен Исус Христос, за да го исмеваат неговите непријатели.

Сегашниот, богат изглед на оваа одежда потекнува од византиско време, кога еден од царевите, од почит кон Црквата, на Цариградската патријаршија ѝ подарил сакос за свештенослужителите. Сакосот дотогаш бил облека на царевите.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Таковски, Јован, протојереј (1999). „Терминологија од областа на теологијата“ (PDF). Македонска терминологија. Скопје: МАНУ. 102 (4): 86.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]