Руска пропаганда во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Руската пропаганда во Македонија е политичко влијание од позиција на интерес на Русија во Северна Македонија. Влијанието најмногу се забележало и манифестирало по пат на хибридна војна водена за време на руската војна во Украина. Во тоа време, најголемиот дел од социјалните мрежи, а првично Фејсбук, биле преплавени со руско гледање на настаните во Северна Македонија, а и пошироко на Балканот. Со цел да го намали негативното влијание на пропагандата, Европската Унија вовела санкции, така што блокирала неколку ТВ канали како што се “Russia Today” и “Sputnik”.[1]

Заднина[уреди | уреди извор]

Со оглед на тоа дека Фејсбук не ги проверува содржините кои ги објавува, за разлика од потрадиционалните медиуми, станува плодна почва за ширење на руската пропаганда. Со оглед на тоа дека луѓето во општеството, повеќе од 50% од нив, користат социјални медиуми наместо традиционалните, рускиот и кинескиот авторитативен режим ги заземаат и злоупотребуваат овие медиуми. Овие бројки достигнуваат и до 90% меѓу младите лица кои се информираат за настаните, што остсва многу голем простор за руско влијание.[1]

Покрај тоа, руската пропагандна сика во Кремлин, има свои локални поддржувачи, најчесто во Бугарија и Србија коишто, на пример, се грижат да ги преведат статиите. Така, еден од факторите преку коишто руската пропаганда продира во информациските екосистеми во Југоисточна Европа се локалните инфраструктури на страници и профили кои ја поддржуваат политиката на Кремлин. Уште една тактика којашто ја користат руските тајни сервиси за сппделување на дезинформации е употребата на "црна пропаганда" преку која вршеле лажни постови на некои медиуми кои читателите ги знаеле како Западни.[1]

Ширење на влијание преку Србија[уреди | уреди извор]

Според истражувањата на Институтот за Глобална Аналитика од Софија, руското влијание најмногу се шири на земјите од бивша Југославија преку српските портали “Sputnik” и “Informer”, коишто се поддржани од руски компании за извор за гас. Овџа води до брзо ширење на информациите бидејќи најголемиот дел од популацијата го разбира српскиот јазик поради образование во училиштето, или има служено во Југословенската армија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Лефков, Горан (4 мај 2023). „The social media as lever for spreading authoritarian propaganda“. Truthmeter. mk. Посетено на 16 април 2024. Text "Социјалните медиуми како лост за споделување авторитарна пропаганда" ignored (help)