Ружа Бак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ружа Бак
Родена БАК, Розина (Ружа) Јоха
7 март 1923
Шид, Србија
Починала 7 март 1994(1994-03-07) (возр. 71)
Скопје, Македонија
Националност македонка
Позната комунистичка дејка, новинарка и општественичка


Ружа Бак (7 март 1923 во Шид7 март 1994 во Скопје) — македонска комунистичка дејка, новинарка и општественичка.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Била член на Литературното друштво „Јефимија“, на Црвениот крст и на Скаутската организација, а поради членството во СКОЈ (1939) била исклучена од Женската гимназија во Скопје (кон крајот на 1940). Тогаш станала член на КПЈ (декември 1940), а потоа и член на МК на СКОЈ во Скопје (мај 1941). Била уапсена од Гестапо, но успеала да избега и преминала во илегалство во Скопје, Велес, Штип и Кочани, а потоа станала борец на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ (мај 1942). По заробувањето од бугарската полиција (27 јуни 1942), била осудена на десет години строг затвор. Во 1944 г. била ослободена од затворот и депортирана во Марибор, каде што се наоѓале нејзините родители, па таму се приклучила на Освободилна фронта. По Ослободувањето се вратила во Скопје и била новинар, уредник и главен уредник на весниците „Единство“ и „Нова Македонија“, списанијата „Македонка“ и „Просветена жена“ и во Радио-Скопје.

Била еден од основачите на Здружението на новинарите на Македонија и претседател на Комисијата за информирање при Републичкото собрание на СРМ. Носител е на Партизанска споменица 1941.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. БАК, Розина (Ружа) Јоха“. Македонска енциклопедија , книга I (А-Љ): стр. 119. (2009). Скопје: МАНУ.