Росалинда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Росалинда
Жанрдрама, теленовела
Создадена одДелија Фиало
УлогиТалија
Фернандо Карилјо
Лупита Ферер
Анхелика Марија
Нора Салинас
Воведна тема"Ay Amor" , Талија
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди80
Продукција
Извршен продуцент(и)Салвадор Мехија Алехандре
МестоположбаМексико Сити
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал2

Росалинда е една од најпознатите мексикански теленовели. Оваа теленовела беше снимана и премиерно прикажувана во Мексико во 1999 година. Серијата била гледана низ целиот свет како и во нашата земја. Оваа теленовела кај нас се емитуваше на МТВ Телевизија, во 2002 година. Во главната улога се појавува познатата мексиканска пејачка Талија, која исто така ја испеала и насловната нумера. Исто така, оваа теленовела во Мексико ја освои наградата за најдобра теленовела во 2000 година, како и други споредни награди.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Росалинда е работлива девојка од пониска класа. Работи во цвеќарницата на дедо Флорентино. Кога мајката на Росалинда умира, таа се сели со својот татко Хавиер, со сестрите Федра и Луси и братот Бето. Федра е себична девојка, додека пак Луси е добра како Росалинда. Бето е криминалец, лажго и крадец. Хавиер дознава дека една од трите ќерки не е негова ќерка и ја започнува истрагата. Росалинда го запознава Фернандо Хосе Алтамирано дел Кастилјо кога разнесува цвеќе во ресторанот на Херардо, пријателот на Фернандо. Тие се заљубуваат, но мајка му на Фернандо, злобната Валерија ја забранува оваа врска, бидејќи Росалинда е од сиромашна класа.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Талија Росалинда / Палома
Фернандо Кастилјо Фернандо Хосе Алтамирано дел Кастилјо
Лупита Ферер Валерија Алтамирано
Нора Салинас Федра
Адријана Фонсека Луси
Анхелика Марија Соледад

ДВД Издание[уреди | уреди извор]

Мексиканската продукција Телевиса издаде и оригинален ДВД пакет од серијата Росалинда'. Во пакетот се состоат 3 двд цедеа, со сите 80 епизоди.

Росалинда на Балканот[уреди | уреди извор]

Македонија: МТВ Телевизија
Србија: Пинк Телевизија
Босна и Херцеговина: БХТ1
Хрватска: Нет
Словенија: Канал А
Бугарија: Нова Телевизија; ТВ 7 дни; Diema Family
Црна Гора: ТВ Ин

Надворешни врски[уреди | уреди извор]