Риба-кловн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Рибата-кловн, или портокалова смоквичка, спаѓа во класата коскени риби, поткласата зракоперкови риби, во редот кострешови риби и во подредот смоквички. Живее во коралните гребени во Пацификот, особено од Индонезија до Австралија и Микронезија. Долга е од 6 до 15 цм. Живее до 18 години. Се среќава во парови што остануваат заедно целиот живот. Во периодот на размножување, мажјакот подготвува место за несење што се наоѓа во близина на анемоната, со која живеат во симбиоза и која им служи како засолниште. Женката снесува 300 до 700 јајца. Инкубацијата трае седум до десет дена. За тоа време мажјакот ги надгледува јајцата и ги јаде оние што се скапани, болни или не се развиваат нормлано.