Ресавица (Морава)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ресавица е река која се наоѓа во централниот дел на Србија и припаѓа на сливот на Црното Море.

Долга е 28,5 километри, што ја прави најдолгата притока на реката Ресава. Се влева во неа во Стевњачко-дворишко поле и на устието гради голем седиментен слив, каде што се дели во неколку ракави. Приливот го зголемува протокот на реката Ресава за околу 1 м³/с. [1] Реката Ресавица е лева притока на Ресава. На неа во 1982 година е основана Хидрометеоролошката станица „Ресавица“ која е во 1991 година, престанала да работи. Растојанието на станицата од устието било 13,6 км. Површината на речниот слив е 103,8 км². [2]

Од десната страна на реката се наоѓа Пештера Ресава, која важи за една од најпосетуваните пештери во Србија. Во близина на реката има и два рудници: Сењски рудник и Рудникот Ресавица. Поминува и покрај истоимената населба Ресавица.

Литература[уреди | уреди извор]

Љиљана Гавриловиќ, Душан Дукиќ, „Реки на Србија“, 2014 година, Институт за учебници, Белград

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Gde je Resavica ?“. www.map.in.rs (српски). Посетено на 11. 1. 2023. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „U Srbiji postoji pravi rečni raj, ušuškan u dubokoj šumi: Kada zavirite iza gustog drveća, pojave se spektakularni vodopadi i kanjoni (FOTO)“. Telegraf.rs (српски). 10. 7. 2018. Посетено на 11. 1. 2023. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]