Региони во Чиле
Чиле се дели на 15 региони (шпански: regiones; едн. región), кои претставуваат врховна административна единица на државата. На чело на секој регион стои настојник (intendente), кој го назначува претседателот, како и посредно избрано тело наречено „регионален совет“ (consejo regional).
Регионите потоа се делат на покраини. Со секоја покраина раководи управник (gobernador), кој е исто така назначен од претседателот. Во земјата има вкупно 54 покраини. Секоја покраина се состои од општини.
Редни броеви
[уреди | уреди извор]Секој регион има римска бројка пред самото име (на пр. IV Región de Coquimbo - „Четврти регион Кокимбо“). При создавањето на регионалната поделба на земјата, властите згодно ја поделиле земјата на набројани региони од I (најсеверен) до XII (најјужен). Престолнинскиот регион во средината на земјата ја носел посебната ознака „RM“, (Región Metropolitana) наместо бројка. Во поново време овој правилен редослед е нарушен со создавањето на XIV регион на југ и XV на север (XIII не се користи) во 2007 г.
Список на региони
[уреди | уреди извор]Број | Име | Админ. центар | Површина (км2) | Население |
---|---|---|---|---|
Тарапака Región de Tarapacá |
Икике | 42.225,8 | 298,257 | |
Антофагаста Región de Antofagasta |
Антофагаста | 126.049,1 | 542.504 | |
Атакама Región de Atacama |
Копјапо | 75.176,2 | 290.581 | |
Кокимбо Región de Coquimbo |
Ла Серена | 40.579,9 | 704.908 | |
Валпараисо Región de Valparaíso |
Валпараисо | 16.396,1 | 1.723.547 | |
О'Хигинс Región del Libertador General Bernardo O'Higgins |
Ранкагва | 16.387 | 872.510 | |
Мауле Región del Maule |
Талка | 30.296,1 | 963.618 | |
Биобио Región del Bío-Bío |
Консепсион | 37.068,7 | 1.965.199 | |
Арауканија Región de la Araucanía |
Темуко | 31.842,3 | 907.333 | |
Лос Лагос Región de Los Lagos |
Пуерто Монт | 48.583,6 | 785.169 | |
Ајсен Región Aisén del General Carlos Ibáñez del Campo |
Kojajke | 108.494,4 | 98.413 | |
Магаљанес Región de Magallanes y de la Antártica Chilena |
Пунта Аренас | 132.291,1 | 159.152 | |
Њубле Región de Ñuble |
Чиљан | 13.178,5 | 480.609 | |
Лос Риос Región de Los Ríos |
Валдивија | 18.429,5 | 363.887 | |
Арика и Паринакота Región de Arica y Parinacota |
Арика | 16.873,3 | 213.595 | |
Престолнински регион Región Metropolitana de Santiago |
Сантјаго | 15.403,2 | 6.683.852 |
Напомена: Податоците за населението се однесуваат на пописот од 2012 г.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „За Чиле“. Комисија за странски инвестиции на Владата на Чиле. Архивирано од изворникот на 2020-03-26. Посетено на 19 ноември 2013. (англиски)