Расад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Подготвени расади за пресадување

Расад — растенија кои се одгледуваат специјално за пресадување. Односно, расадите се растенија во рана фаза на раст, посадени и одгледани во расадници - градини (места) со посебни услови за развој на семето од каде пак со пресадување понатаму се одгледуваат на други места на други поголеми земјоделски површини на отворено или затворено оранжериско производство.

Производство и заштита[уреди | уреди извор]

За производство на здрав и добар расад, треба да се посвети внимание на неколку болести и штетници. Повеќето болести кој се јавуваат на плодот и на цвеќето се пренесуваат од семето. Заради тоа семето треба добро да се дезинфицира пред да се посее за да биде производот поквалитетен и растенијата да бидат поотпорни.

Најлесен начин за дезинфекција на семето е натопување во топла вода[1]. Оваа постапка е корисна за сите видови на семиња. Потопеното семе може да се посее веднаш. Освен во топла вода семето моќе да се натопи во купка од калиум перманган, разни билки, млеко, биолошко активни материи, алое вера, пепел.

Најчести болести што се појавуваат во расадничкото производство се:

  • Pythium ѕрр – полегнување на расад. Оваа болест предизвикува слабо поникнување на растенијата како резултат на инфекциите на ‘ркулците. Почетната инфекција се појавува во вид на слабо потемнета воденеста мека дамка. Габата продолжува да ја зголемува инфицираната зона, патогенот го зафаќа никулецот и тој брзо изумира. Доколку никулците се поникнати, габата ги напаѓа сочните ткива од сеанците кои стануваат воденести и обезбоени и притоа клетките изумираат, а растението одеднаш овенува и изумира.
  • Phytophthora ѕрр или гниење на коренот е болест која резултира со недостиг на вода и храна кај растенијата, кои стануваат ослабени и осетливи на напад од други патогени.
  • Sclerotinia sclerotiorum или бело гниење е болест што се манифестира со венење на целото растение. Симптоми на белото гниење се пожолтување на листовите и појава на карактеристичниот бел мицелиум при основата на стеблото.
  • Fusarium oxusporum или фузариозното венење се одликува со пожолтување на нерватурата и венење на листовите. На стеблото се појавуваат надолжни некрозни рани и дамки, додека на основата на стеблото и коренот се јавува гниење. Verticillium ѕрр е вертицилиозно венење и, за разлика од фузариозното гниење, се јавува при пониски температури. Оваа болест има карактеристично зелено венење, односно иако растенијата ја имаатзелената боја,тиеедноставно венеат.
  • Alternaria solani или црна дамкавост е болест која ги напаѓа листовите на кои се развиваат карактеристични крупни и тркалезни кафеави до црни дамки[2].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Припрема на семето за расад - Agroalternativa“, „Agroalternativa“, 4 февруари 2016. (на mk-MK)
  2. Заштита на расад од болести и штетници - Agroalternativa“, „Agroalternativa“, 23 април 2014. (на mk-MK)