Разговор со корисник:Vojvod86

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојде!

Здраво, Vojvod86, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! --Kolega2357-Bot (разговор) 03:55, 11 декември 2012 (CET)[одговори]

Солунски вилает[уреди извор]

Во 1897 година Србија добила право да отвори училишта на целата територија на Македонија со што започнал обидот на српската пропаганда за пробив во Солунскиот санџак. Во 1897 година српските пропагандисти дошле во судир со проегзархистите, имено српската пропаганда во Солунско тогаш била предводена од Пејчиноски кои бил родум од Ресенското село Царев Двор. Тој бил поранешен учител во Солунската егзархиска гимназија и бил во лоши односи со бугарските учители. На 3.06.1897 година во Солун, Пејчиноски ќе го организира нападот против членовите на Бугарското тајно револуционерно братство. Во нападот ќе учествуваат србинот Александар, црногорeцот Никола Бабаковиќ и Ташко кој бил родум од селото Магарево. Во нападот ќе биде убиен Христо Ганов додека пак Иван Гарванов бил ранет. Учесниците во нападот подоцна биле уапсени, а Пејчиноски бил ликвидиран од терористите на ТМОРО.... Архив на Македонија - АМ.ф. БГК - Солун, мф. 427, No.. 64, 4.06. 1897... Станува збор за извештај на Бугарското трговско претставништво од Солун до бугарските власти во Софија...


Во почетокот на 1898 година српската пропаганда отворила српско училиште во Кукуш. Подготовките ги водел црногорецот Јован Јовановиќ кој исто така бил замешан во убиството на Христо Ганов. Тој успеал да издејствува преку поткуп кај Кајмакамот отварање на српско училиште. Но набргу училштето било нападнато од Кукушани , тие ги искршиле вратите и прозорците на училиштето, го претепале учителот и му се заканиле на сопственикот на куќата, која ја изнајмил за училиште, дека ако уште еднаш ја изнајми за српско училиште ќе ја запалат. Но Јовановиќ добил засилување од двајца црногорци, меѓу кои бил и Никола Бабаковиќ, притоа Јовановиќ носел два пиштола и истакнал дека не се плаши од никого и дека Кукуш е српски град. Меѓутоа по неколку дена дошла истражна комисија од Солун, а Кајмакамот останал без својата служба. Сопственикот на куќата која ја изнајмувал за српско училиште бил принуден да се откаже од изнајмувањето, а Јован Јовановиќ морал да го пресели српското училиште во турскиот дел од градот со што бил изолиран од македонците.... Македония, Сборник от документи и материали, София, 1978--Хилариус Книгоподврзувачот (разговор) 21:20, 26 март 2013 (CET)[одговори]